
Замислете си вакво сценарио: На работа сте. Седите пред бирото и не знаете од каде да почнете. Со мислите се враќате на тазе поминатиот одмор за да најдете утеха и поттик за работа. И кога најмалку очекувавте, сонцето огреа за вас. Во фирмата пристигна доставувач. Не можевте да поверувате на своите очи, човекот стоеше пред вас со огромен букет цвеќе. Вие возбудена, колешките уште повеќе, едната трча по вазна, другата писка на глас, сите се собираат околу вашето биро за да дознаат од кого е ваквиот гест. Ја читате картичката... па тоа е вашиот сакан кој мисли на вас.
Да се вратиме во реалноста. Ова повеќе личеше на филм отколку на реална ситуација. Во кого е проблемот, во нас или во нив? Ние не сакаме цвеќе бидејќи не е трајно богатство, не сме доволно романтични, признаваме само скапи подароци... тие не се досетливи, чекаат повод за такво нешто, се плашат да покажат внимание на таков начин...
Едно е сигурно, таков гест ќе направи голема разлика во денот, а богами и во вашето срце. Колку и да не сте романтични, сепак сте жена што ќе падне на такво нешто. Всушност, букетот цвеќе не е нешто ново. Па луѓето илјадници години го користат за да покажат внимание. Секогаш успевало и не гледаме причина зошто да не успее и денес.
Самата убавина на цветот, мирисот, боите, буквално го зашеметуваат мозокот. Тоа што најмногу зашеметува е ликот кој се крие зад тие прекрасни рози со боја на крв. Повеќето од нас не го ни знаат значењето на конкретниот цвет и боја, но затоа добро го познаваме значењето на чинот.
Драги мои, жално е, но вистинито. Романтиката полека умира. Бидете искрени и признајте кога последен пат ви се случило вакво нешто? Неколку девојки на истово прашања одговорија со еден збор, НИКОГАШ. Никогаш во животот не биле изненадени со букет цвеќе од својот партнер или од пријателите. Можеби е време да сториме нешто за тоа.
За почеток тргнете од себе. Не покажувајте ја својата независност со тоа што ќе бидете ладна. Секому е јасно дека вие сте успешна жена која може да живее и без него. Радувајте се на малите нашите што ги прави за вас. Бидете спонтана и изненадете го со нешто. Така ќе бидете пример од кој ќе може да учи. Ако не со вас, тогаш сигурно во наредната врска ќе ги искористи вашите уникатни гестови. Ако ништо друго препратете го тука и ние ќе говориме во ваше име.
.gif)






















.gif)
























