sanker_so_dve_curiРаскинавме бидејќи сум жена
Некои лаги не можат вечно да се кријат!
kolebaРодена под ѕвездата на колебливоста
И искусна и паметна оваа жена не може да донесе наједноставна одлука во својот живот.
motherСтресот од работа не носете го дома!
Направете ја приоритетна својата животна рамнотежа!
na_plaza_vrz_negoТрикови за спас на врската
Како да го избегнете крајот на врската?

Не робувајте ѝ на сопствената врска!

par_vo_vrska

Пред некој ден пријателката ми се пожали дека не сака да оди на викенд со момчето бидејќи се плаши врската да не ѝ стане здодевна. Доволно е што беа заедно на одмор цели 20 дена, гледање секоја вечер, па сега и викенд со него е премногу.

Е па, драги мои, формулата како во бајките среќни до крајот на животот не функционира во реалноста. Повеќе би рекле дека функционира формулата среќни додека е забавно. Сé се завршува штом на забавата ѝ дојде крај.

За поздрав е тоа што се трудите да не се доведете во ситуација сексот сам со себе да стане поинтересен отколку со партнерот. Но, работата е тоа што не мора да бегате од него за да ја одржувате врската свежа.

Постојат неколку брзи решенија за тоа како да излезете од монотонија и повторно да сакате да се вратите на долгата патека.

Не живејте по клишето за идеален сексуален живот!

Ниту една девојка нема да признае дека има проблеми во креветот и дека сексот почнал да станува здодевен. Група пријателки седнале во едно од кафулињата на ул.Македонија. На дневен ред нормално е омилената тема, МАЖИТЕ.

Секоја се фали како нејзиниот секс е најдобар, како партнерот комплетно знае да ја задоволи, колку е забавен и инвентивен во креветот, како добро лиже, секогаш му текнуваат интересни секс-пози... за на крајот да слушнете изјава: „Ама јас не сакам да одам со него на одмор!".

Зошто да не сакаш? Па нели ти е најубаво на свет? Кој е тој што не би сакал да искористи десет, па макар бил и еден ден, насамо со својот идеален партнер?

Во оној момент кога ќе престанете да се залажувате дека имате идеален секс живот и кога ќе почнете да експериментирате со тоа штом вам ви се допаѓа, тоа што ве пали вас и партнерот, тогаш работите ќе тргнат во вистински правец.

Не опседнувајте се со тоа колку ве сака!

Супер ќе беше да можевте да земете кантар и да измерите кој кого повеќе сака. Сигурно мислите дека тоа сте вие, вие секогаш правите поголема жртва, вие сте таа што се труди, вие го организирате времето според него за да можете да се гледате...

Сега почнувам да се уверувам во тезата дека ние жените навистина сме тешки за разбирање. Ги кочиме работите во врската од страв да не испадне дека сепак ние сме позаљубените. Кога давате некому љубов, не треба да очекувате за возврат исто количество.

Отворете ги очите и погледнете малку поубаво. Ако беше само до сексот, немаше да биде со вас толку долго, немаше да се смешка додека ве гледа како ги лакирате ноктите, немаше да ве допира без причина, немаше да ја менува бојата на гласот секогаш кога се карате, немаше да се гади кога ќе му се појавевте со недепилирани нозе...

Не бидете секс-робот!

Сексот е тоа од што треба да тргнете за да ја изведете врската од стандардната рутина. Паровите што со години се во врска почнуваат да се претвораат во секс-роботи. Буквално може да ги пуштат телата и тие сами да си ја завршат работата.

Како програмирани, секој знае како, каде и кога да допре, како да се намести и за помалку од 15 минути процесот завршил, потоа секој по својот пат.

Доволно е само да смените локација и нештата ќе добијат нова смисла. Истите допири, истите тела, истата поза, но сепак во нова димензија. Седите во ресторан и одеднаш вие под маса ја ставате раката во неговите панталони. Излезени сте со друштво и вие ги напуштате на кратко бидејќи ве чека секс-партија во автомобил.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
News image

Мисионерска во вис. Инструкции: започнете со стандардната мисонерска поза, тој врз вас. Во текот на сексот предложете му да се крене ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?