
Љубовта е уникатно чувство. Да се биде вљубен е нешто феноменално, а кога сме вљубени се подразбира дека треба да бидеме заедно. Но, што ако живеете оддалечени со километри? Сте се запознале на место и во време кога најмалку сте очекувале, преку работа, за време на студиите, на одмор.
Луѓето денес постојано патуваат некаде, работат во странство, често менуваат живеалишта, па така напорот да се успее во врска на далечина стана задача со која се соочуваат многумина. Кај секој пар причините за оддалеченоста се различни, но сите делат иста грижа - дали вреди жртвата што ја преземаат и како да ја одржат љубовта жива.
Предности:
- Помалку караници - времето што го имате на располагање сигурно нема да го користите за решавање на некакви дилеми, туку во нежности и прегратки.
- Поголема приватност - не ќе морате да објаснувате за секој свој чекор, излегување со другарките, доцнење и слично.
- Без досадното секојдневје - секоја ваша средба е исполнета, интересна, возбудлива, со многу теми за разговор и запознавање нови особини кај него.
- Далечината - ја одржува љубовта. Постојаното чекање на писмата, мејловите, телефонските разговори, ќе ја разгоруваат вашата страст и желбата да го видите.
Недостатоци:
- Не го познавате доволно - ретките средби не ви дозволуваат да ги откриете неговите лоши страни и целосно да го запознаете.
- Нови навики - бидејќи не сте присутни во неговото секојдневје, може да ве изненади со нови навики што нема да ви се допаднат и нема да можете да ги надминете.
- Тешки ситуации - во моментите кога најмногу ви е потребно неговото присуство вие ќе треба да се задоволите само со неговиот глас.
- Отсуство на контрола - колку и да сакате, не може да дознаете и да учествувате во се што прави во слободното време. Тоа може да ве направи немоќна и болно љубоморна.
.gif)






















.gif)
























