
Простувањето пред се е добро за нашето ментално здравје. Да се биде способен да се простува во врска е можеби најважниот фактор за нејзиниот опстанок. Држејќи се до навредите, критиките, нервозите, разочарувањата од минатото е само губење време и енергија. Животот е премногу краток за тоа. Тоа само ќе ве направи негативна и намуртена личност. Секој има лоши денови кога кажува работи што не ги мисли. Затоа, секој треба да простува и да му биде простено.
Како да простите:
Бидете отворена. Пред се пред себеси, не залажувајте се дека не е толку страшно тоа што ви го сторил или, пак, дека премногу е страшно. Сигурно не убил човек. Отворено зборувајте со него, зборувајте му за своите чувства.
Донесете одлука дека ќе простите. Бидете цврсто сигурна во себе дека сакате да го сторите тоа бидејќи не сакате утре да се колебате, а за враќање е доцна.
Кога пред очи ќе ви се појават сите лоши слики, искоренете ги со тоа што ќе мислите на убави нешта, а особено на убавите моменти поминати со него.
Ако сте решиле да му простите, знајте дека е тоа завршена работа. Немојте подоцна тоа да го користите во своја полза и постојано да му го спомнувате.
Не концентрирајте се да смислувате одмазда и да му вратите. Несвесно можеби ќе дојде време и кога тој ќе биде повреден, сигурно не сакате да бидете дел од некаков одмазнички план и да мислите што ве чека.
Соочете се дека можеби никогаш нема да ја дознаете причината за повредувањето. Немојте само да се навраќате на неа и да се обидувате да ја дознаете. Така само ќе ве потсеќа на старата болка.
Вашето проштавање не значи дека сте преминале преку неговата лоша постапка или однесување. Па сега може да не се заморува за тоа што ви зборува и како постапува со вас или уште полошо дека може истото да го прави бидејќи вие секако ќе му простите.
Морате да бидете трпеливи. Можеби ќе ви треба подолго време да простите. Дајте си онолку колку што ви е потребно за да ги средите мислите и да си најдете добар мотив за да останете со него
.gif)






















.gif)
























