
Не сме жени ако не ги комплицираме работите. Знаеме дека нé сака, но постојано ни е потребен доказ. Нема жена, сеедно во врска или во брак што не се прашала дали е тоа неговиот максимум на давање љубов.
Преиспитувањето на работите и не е толку лошо, но ако сакате да направите да ве сака уште повеќе, мора да тргнете од себе, а не од него.
Јас почесто ги изговарам зборовите ТЕ САКАМ и кој е сега тука позаљубениот?
Мажите сакаат на еден начин, жените на друг. Вербалното изразување на љубовта не говори ништо за тоа како тој се чувствува во душата. Некои се вешти на зборови и знаат да го погодат моментот и да кажат, те сакам. Но, многу поголем е бројот на момците што со сјај во очите ве прегрнуваат и додека сте таму уште еднаш цврсто ве притиснуваат. Ете го неговото ТЕ САКАМ.
Не верувам во зборовите ТЕ САКАМ кажани додека имаме сексуални односи!
За жените љубовта и сексот немаат никаква врска, но за мажите имаат секаква врска. Вистинските емоции кај мажите се раѓаат откако ќе се случи интимниот чин. Вие можете да му се допаѓате, но вистински ќе ве сака ако почнете да ја делите постелата со него. Не можете да ја потценувате неговата искреност поради „погрешно" избраниот момент.
Јас секогаш ги почнувам темите за нашата врска, што значи него му е сеедно како се чувствувам и што мислам за него!
Ако не почнуваат филозофии како вас, не значи дека е помалку заинтересиран. Не смеете постојано да го задушувате и отворено да зборувате за сé што ви прелетало низ глава. Бидете малку мистериозна и зачувајте нешто за себе. Избегнувајте ги долгите часови во негово и сопствено анализирање бидејќи тогаш излегуваат на површина сите дреболии што одеднаш добиваат ново значење и почнуваат да предизвикуваат болка.
.gif)






















.gif)
























