
Иако никогаш не ви текнало, но вашето работно опкружување може многу да ви помогне во врската. Постапувањето со колегите, отприлика, почнете да го имитирате со вашиот партнер.
Правете разлика помеѓу давањето подршка и чувствата.
Многу слично како вашиот колега, така и вашиот партнер бара подршка од вас. Колегата бара подршка за новиот проект, партнерот бара подршка при започнувањето на бизнис, стартување на ново работно место, соочување со болест... Критиките, коментарите и осудувањата не ги кажувајте толку директно и отворено, ви текнува како од околу го советувате колегата. Секогаш кога вашиот партнер нема да се согласи со вас не значи дека не ве сака.
Не барајте емоционална поткрепа на друго место.
Кога се соочувате со проблем на работа без размислување им се жалите на поблиските колеги. Сторете го тоа и во приватниот живот. Било каква семејна караница или проблем, споделете го и со него, не само со вашата пријателка. Ова е многу важно за стабилноста и довербата на врската.
Заедно решавајте ги кризите.
Соочувањето со колегата при некое несогласување го изведувате професионално. Нормално дека тука е многу полесно бидејќи ништо не ве поврзува со тој човек, едноставно нема мешање на чувства. При следната караница со партнерот пробајте да го направите истото, заборавете на љубомората, нервозата, себичноста или било кое чувство што ве јаде. Освен што полесно ќе простувате, полесно и ќе ви биде простено.
Не се врзувајте со сила.
Човекот е тоа што го гледате пред себе. Не можете да очекувате дека вие ќе бидете таа што се појави во неговиот живот и се ќе смени. Доколку има многу работи кои не ви одговараат во неговиот карактер, постојано се карате, нема взаемни чувства, не се форсирајте по секоја цена да бидете со него. Кога на работа сте склучиле договор со клиент кој не ги исполнува условите?
.gif)






















.gif)
























