
Безмалку сите single девојки во градов би одговориле дека причината зашто се сами лежи во мажите. Па го имате класичното сценарио: девојка запознава супер дечко, поминуваат одлична вечер заедно, тој покажува голема воодушевеност од неа, манифестира максимална заинтересираност за неа и на крајот од вечерта го бара нејзиниот број ветувајќи дека ќе се јави. Следниот ден девојката не ја држи место. Постојано на штрек, се шета со телефонот. Но, од другата страна нема ништо, молк. Типично, се обвинува себе и дава шанса наредните неколку дена. Секако од повикот ни П, и прашањето - ЗОШТО НЕ МИ СЕ ЈАВИ?
Па, постојат повеќе објаснувања за ваквиот феномен.
Секому е потребно време да ги среди импресиите од состанокот и да заклучи дали сака повторно да се сретне со тој човек. Сигурно и на вас ви се има случено да се возбудите околу некој дечко, да се израдувате дека конечно сте го запознале вистинскиот, но откако ќе преспиете, другиот ден не ви паѓа на памет тој човек.
Многу машки се расфрлаат со комплименти, ќе направат да се чувствувате секси и посакувано, но зад сето тоа стои неговиот пијан мозок. Ваквите ситуации можете да ги препознаете. Не се вртете поостојано во круг, не верувајте на зборовите на поднапиен дечко на кого му вријат хормоните. Во тој момент да му ја донесете и Баба Рога ќе му се види убава и атрактивна.
Има и такви машки кои свесно заведуваат девојки и ги лажат од причина што сакаат да си го збогатат списокот со уште една. Тие постојано се опкружени со жени, не бираат по старост, статус и др. Додека разговараат со вас не ве гледаат во очи туку шараат барајќи ја следната жртва.
Следниот тип се оние кои веднаш сакаат да преминат на главното. Ги користат тактиките со бројот и вие центарот на светот, за полесно да ве одвлечкаат во кревет. Доколку наидат на некој како вас што покажува отпор, ќе се ослободат со изговорот дека мора да одат, но ќе ви се јават.
Колку лошо и да звучи, но не сите машки во клубот се слободни дечки. Има и зафатени, венчани, дури и татковци. Имајте предвид дека изгледот знае да лаже. Навистина доколку не носи прстен на рака нема како да откриете, но затоа не избрзувајте. Не бидете лесен плен.
Без разлика дали е незаинтересиран или зафатен, секогаш насмевнете се на искуството. Па и од тоа нучивте нешто. Пак вие излеговте победникот кој не потроши време и нерви на некој кој не вреди.
.gif)






















.gif)
























