
Зборувавме за тоа колку раскинувањето не е лесно, секогаш се јавува фрустрација, болка, вознемиреност, непријатност... Факт е дека без разлика колку сте биле верна и мила во врската, ќе бидете запаметена како таа што гадно го откачи. Затоа гледајте да го направите раскинувањето помалку болно.
Под дејство...
Значи не постои полошо раскинување од раскинувањето во дискотека и тоа под дејство на алкохол. Сетете се колку пати имавте недоразбирања кога тој поднапиен ќе дојдеше со неоснованите изливи на љубомора. Ако е премногу пијан може и нема да се сеќава дека сте му раскинале, а ако па вие сте пијаната ќе се каете за неконтролираните зборови.
Клише...
Зошто едноставно не бидете искрена и јасно и гласно не му дадете на знаење зошто не сакате да бидете со него. Нема полошо од фразата- НЕ Е ДО ТЕБЕ ДО МЕНЕ Е. Па чекајте малку, вие сте таа што раскинува и тоа сигурно поради тоа што сте сфатиле дека не ви одговара доволно. Ништо подобро не е и да му кажете дека ќе бидете пријатели. Вие си го кажавте своето, а дали ќе сака да ви биде пријател е негов избор.
Преку нет...
Ако порано беше преку писмо денес тоа се прави преку mail или sms. Па нормално дека е полесно да седнете и да напишете. Ниту ќе должите објаснување ниту пак ќе се соочите со неговиот поглед. Што би се рекло, бидете маж и направете го тоа во живо.
Сред состанок...
Навистина е многу сурово и некоректно да го поканите да одите на вечера или да гледате филм и тогаш да ја прекинете врската. Тоа ќе биде неочекувано за него и вие ќе испаднете злобна. Сосема друго е да му навестите дека сакате да излезете и да разговарате за вас.
Извртено...
Значи за да ве слушне и да му биде јасно како ден така и треба да го кажете. Не заобиколувајте во смисла дека не ви оди, едноставно бидете директна за вашите чувства. Жално е да помисли дека има уште шанси да се средат работите.
Провокација...
Ние жените навистина сме почувствителни и затоа можеби не сакаме да бидеме лошите. Затоа наместо отворен разговор преферираме да создаваме нетрпеливост, да провоцираме и да исценираме толку голема кавга за полесно да раскинеме. Зошто толку мачење кога на крајот пак се добива истиот резултат.
Изневерување...
Од ваквиот избор ќе произлезат толку лоши моменти што многу лесно може да ви го уништат идниот љубовен живот. Да се обидеме да наброиме неколку: страшна караница кога ќе дознае, озборување, етикета на лесна и злобна девојка, одмазда, потешкотии во наоѓање нова љубов... мислам дека се доволно.
Избегнување...
До вчера бевте достапна за се, а сега одеднаш сте недостапна да дадете едно објаснување од 5 минути. Замислете колку потешко ќе го преболи раскинувањето доколку цел живот се прашува зошто тоа се случило, а посебно зошто толку избегнувавте да се соочите.
.gif)






















.gif)
























