messГардероберот празен, облеката на под!
Дали и вам „немам што да облечам ви е химна“? Толку многу поводи, толку малку време!
brakmalСите лица на бракот
Понекогаш трагични, понекогаш комични се мотивите на вашата брачна драма. Која е вашата улога?
5_fazi_raskinuvanje5 пеколни фази по раскинувањето
По раскинувањето на врската сите поминуваат низ 5 пеколни фази за да преболат.
42-17445178Како да го заведете?
Покажете дека сте го забележале, а сепак нему препуштете му ја иницијативата...

Едно срце за двајца

42-20373173

Љубовта не е едноставна како пламенот на свеќата. Таа е бескрајна димензија, делива, но колку и да ја делиш останува иста. Нашето срце има поголем капацитет на љубов отколку што мислиме.

Секоја врска, доживување, сите сретнувања што нé прават да бидеме тоа што сме денес, бледнеат пред вистинската љубов која не знае за граници. Да сакаш вистински и да добиваш со иста мера, значи да љубиш! Човек може да прави што било со повеќе личности, дури и да мисли дека е возможно да сака двајца,тројца или повеќе, но...

Од вас зависи што ќе одлучите!

Искрено, тешко е да најдете сé во една личност. Ако почувствувате дека сте вљубени во две различни личности, тоа не значи дека треба и да дејствувате, да ја поделите љубовта со двајца. Но, што ако навистина силно сте вљубени во две личности? Можете ли да бидете среќни кога срцето е преполно со толку многу љубов. Иста привлечност, перфектен секс и со двајцата, различни карактери, спој од карактеристики што ги има едниот, а ги нема другиот, двете како да се надополнуваат со особините што би ги посакало секое женско.

Срцето е моќно, но умот ќе триумфира. Штом ги разберете своите емоции, од вас зависи што ќе одлучите!

Заблуда!!!

Да сакаш двајца со иста силина во исто време е невозможно. Може да се случи да сакате некој долго време, на кого ништо лошо не би му направиле, некој што заслужил искрена љубов од ваша страна. Но, во вашиот живот случајно се појавува друга личност која додека ја запознававте, бевте сосема сигурни дека го сакате човекот со кој сте во врска.

Но, по некое време, вашите мисли, соништа, планови, желби за слушање на гласот на новата личност се зголеми. Почнувате  да се сомневате во својата љубов кон човекот со кого сте бидејќи полека, но сигурно се заљубувате во новата личност. Возбудата лесно преминува во заљубеност.

Мечтателно привлечени, посакувате да го почувствувате под прсти. Во периодот на дилема, не можете да се одлучите на тоа да изгубите еден од нив, бидејќи едниот го сакате долго време и ја гледате иднината само со него, но сега не сакате ни да помислите да ја изгубите новата личност. Е во таква ситуација може да се стекне впечаток дека двајцата ги сакате, но оној со кого заспивате во главата и кој сакате да го видите наутро пред вас, по кого копнеете, дефинитивно е човекот што го сакате. Едниот е или избледена љубов или заблуда!

Совет!

Доколку сте сигурни дека не сакате да го изгубите тој со кого сте во врска, тогаш ќе мора да преземете нешто со новата личност. Не мора да ја изгубите засекогаш, но најдобро ќе биде да ги оладите односите, а тоа подразбира поретки состанувања, намалена комуникација и слично. Така можете и да ја тестирате својата љубов кон него. Ако за брзо време таа избледи и ако жарот што го чувствувавте до пред извесно време згасне, тогаш тука ни најмалку не станува збор за љубов.

Додека, пак, ако во никој случај не сакате да се одделите од новата личност, ако е тој вистинскиот, оној по кој копнеете, тогаш веднаш раскинете ја врската во која сте моментно, бидејќи, во спротивно, таа ќе премине во обврска што ве измачува и вас и вашиот партнер, а не ви причинува никакво задоволство и не ве прави среќни.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
News image

Мисионерска во вис. Инструкции: започнете со стандардната мисонерска поза, тој врз вас. Во текот на сексот предложете му да се крене ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?