
Сексот со вашиот партнер почна да станува здодевен. Долго време сте заедно, а сексот почна да ви преминува во навика. Секогаш исто, на ист начин, со истите пози и на истото место. Ништо страшно, секој пламен може повторно да распламти, па и сексуалниот. Секако, за сексот треба да се разговара, а тоа е еден од начините за да се постигне квалитетен секс. Најдобар показател за тоа каков бил сексот е изразот на лицето на партнерот непосредно по сексот. За да го избегнете монотониот секс, практикувајте ги следниве совети:
Разгорете го пламенот од страсти...
За сексот да не ви биде здодевен и секојдневен мора да ја употребите фантазијата. Ако сакате да имате одличен секс, тој мора да почнува со предигра и да завршува со постигра.
Кога ќе се спомне предигра, повеќето мислат на орален секс, но не мора да значи. Предиграта може да подразбира и гушкање, поглед, стриптиз, разни допирања со телата, дразнење на гениталиите со рацете...
Откако ќе заврши сексот, т.е откако ќе доживеете оргазам, тоа не значи дека тука застанувате. Тука веднаш се прави простор за постиграта, која подразбира масажа, нежни бакнежи, гушкања и комплименти упатени до партнерот. Така ќе му покажете колку сексот бил добар и ќе го мотивирате наредниот пат да ви овозможи уште подобар секс.
Со малку ваша иницијатива разбудете ја неговата животинската потреба, тоа ќе ве излуди и ќе направи да бидете ненаситни.
Нека ви ја исполни фантазијата...
Целта на најдобрите љубовници е да ја задоволат својата партнерка најдобро што можат. Затоа тие во креветот никогаш не се себични и водат сметка за својот партнер колку и за себе.
За да ве задоволи партнерот како што треба, најпрво треба да ги познава вашите сексуални желби и да ги исполнува вашите фантазии. Тој, исто така, треба доволно добро да го познава вашето тело и точките каде што најчесто и најбрзо се возбудувате.
Измислете нова поза...
Импровизирањето нови пози докажува дека партнерите се сигурни еден во друг, така што експериментираат. Измислете нова поза. Така ќе се чувствувате како почетници и двајцата во сексот. Понекогаш е доволно да воведете само минимални промени. Добрите сексуални партнери никогаш не практикуваат само една здодевна сексуална рутина, туку секогаш истражуваат нови работи.
Практикувајте изненадувања одвреме-навреме бидејќи само така ниту вие ниту партнерот нема да се пожалите на монотонија. Почесто менувајте ги позите, дозволете си секс надвор од спалната, приредете стриптиз-изненадување со секси долна облека, можете дури и да користите сексуални помагала, немојте да го правите тоа само дома и вметнете ги преливите во играта. Комбинирајте нежност и грубост во текот на сексот, секогаш на различен начин. Никогаш немојте да поставувате граници.



















































