
Колку што е важен изгледот на храната која ја дегустираме, толку е важно и друштвото со кое ја јадеме. Таа е всушност врската каде го добиваме одговорот на прашањето зошто многу љубовни приказни започнуваат од вечери во некој убав ресторан. Секако, не е сеедно што ќе изберете во оваа прилика.
Обично во ваквите ситуации луѓето ги избираат морските плодови. Морските плодови имаат нешто заедничко, а тоа е дека сите се богати со есенцијални аминокиселини, ретки масни киселини и цинк. Со овие хранливи материи се будат сите наши сетила.
Изреката дека љубовта доаѓа преку стомакот е и научно потврдена. Храната која делува како афродизијак е всушност онаа која не отпушта, не снабдува со енергија и ја зголемува нашата сексуална моќ.
Школки
Остригите претставуваат прав рудник на цинк, па тоа е причината поради која делува како афродизијак. Затоа не треба да се чудите зошто тие се наоѓаат на менито на секој познат ресторан. Некои пишани извори тврдат дека најпознатиот љубовник Казанова консумирал 45 парчиња дневно. Покрај школките, тука се и лососот,шкампите...кои исто така делуваат како афродизијак.
Тестенини
Шпагети, равиоли, макарони...сите овие тестенини ви ја зголемуваат возбудата. Посебно ако се сервирани со добар прелив. Научниците тврдат дека во нив преовладува допамин и затоа доаѓа до зголемување на желбата за секс.
Чоколадо
Се вели дека луѓето кои имаат зголемена потреба од консумирање на чоколадо тогаш им недостига љубов. Но, се што е благо прави да бидеме добро расположени и го зголемува лачењето на серотонинот. Овој хормон е одговорен за доброто расположение и после оброкот предизвикува чувство на задоволство. Добро е да го имате чоколадото како десерт. Дали тоа ќе биде чоколадо, чоколадна торта или сладолед од чоколада зависи од личниот вкус. Чоколадата содржи материја слична на амфетамините која предизвикува чувство на задоволство и страст. Важно е само, на некој начин, чоколадните парчиња да допрат и да се стопат на вашите непца,така што ќе предизвикаат задоволство и сласт.
Вино
Белo или црно вино, не е важно. Познато е дека доколку се консумира во умерена доза предизвикува состојба на еуфорија. Секако, ако е шампањ, па уште и пенлив, ќе се разбуди страста. Но, доколку виното се консумира во поголеми количини, тоа може да предизвика спротивно дејство и да ја намали желбата за водење љубов.
.gif)






















.gif)
























