
Работевте на себе, на своето образование, на својата кариера...не остана трошка време за љубов. Кога најмалку очекувавте, се појави човек што вистински знаеше да ве исполни. Не му пречеше што не се гледавте со денови, не се бунтуваше што не размислувавте за заеднички живот и деца...всушност само ве слушаше и со сè се согласуваше.
Има нешто чудно во целата ситуација. Или човекот мисли дека нема да најде подобра или навистина ве сака и мисли дека така ќе ве направи среќна. Но, до вистинската причина не сме ни блиску. Вистината е многу поинаква од тоа што и вие во моментот си го помислувате.
КОГА ВРСКАТА СТАНУВА ЗАСОЛНИШТЕ.
Дали ви се случило да влезете во врска само за да побегнете од суровата реалност со која се соочувате? Мислите дека болката од раскинување, а во случајов смртта на саканата, побрзо ќе помине ако почнете нешто од почеток. Новото момче ќе направи побрзо да заборавам, а со текот на времето сигурно ќе го засакам...
ДАЛИ ВРСКАТА МОЖЕ ДА БИДЕ РЕШЕНИЕ?
Ако вие сте случајот што бара засолниште во врска, тогаш тропате на погрешна врата. Ниту сексот ниту бакнежите не можат да направат болката да исчезне. Само ќе се заглавите во свет на лаги, ќе се повредите самата, а несомнено ќе го повредите и човекот што немал право да избира дали и покрај сè сака да биде со вас. Затоа, или бидете искрени за тоа како стојат работите во вашето срце или дајте си време да помине лекувањето. Болеста кога тогаш ќе се смири.
ДО КОГА ЌЕ БИДЕТЕ РАМО ЗА ПЛАЧЕЊЕ?
Да се вратиме на приказната од пред малку. Излегло дека човекот преку новата врска се обдувал да ја преболи својата мртва сопруга. Сега ви е јасна неговата рамнодушност. Човек кој пати е готов на сè, па дури и да лаже до бескрај. Можеби вие не сте имале можност да доживеете нешто слично, но многу од вас се нашле во врска со момче кое штотуку раскинало. Не велиме дека е исто, но сличности има.
Многу е важно да...
Прв прашалник: расчистите сами со себе дали сте подготвени да бидете втори. Бидејќи, реално да зборуваме, на почетокот вие и ќе бидете споредна улога во неговиот живот?
Втор прашалник: дали сте подготвени да излезете на крај со сите негови меланхолични денови и често присутниот мол за тоа што не е во ред или како се чувствува?
Трет прашалник: што е со сликите и пораките на кои можете да налетате токму во моментот кога помисливте дека работите се средија?
А ДА СЕ ОБИДЕТЕ ДА НАЈДЕТЕ КОМПРОМИС?
А што велите да играте на картата - ВРЕМЕ? Не користете ја врската како лек и не давајте ја некому врската како лек. Одржувајте ги контактите на пријателска база. Излегувајте заедно, дружете се, запознавајте се...но не преземајте ништо повеќе сè додека не бидете сигурни дека минатото нема да се појави од зад некој ќош.



















































