
Кога е во прашање заведувањето, и мажите и жените очекуваат мажите да го имаат првиот збор. Но, мора да му дадете до знаење дека сте забележале дека постои бидејќи и мажите понекогаш се несигурни и срамежливи, па затоа не се подготвени да го направат првиот чекор ако мислат дека сте рамнодушни. Постојат неколку начини како да му покажете дека сте го забележале, а сепак нему да му ја препуштите иницијативата. Така и обајцата ќе се чувствувате подобро и непријатноста ќе биде помала:
1. Секојпат кога ќе го здогледате, упатете му блага насмевка. Ако сте ладни или нерасположени, тој ќе помисли дека не сте заинтересирани за него и дека ви е одбивен.
2. Замолете го да ви нарача пијачка бидејќи не можете да се пробиете до шанкот, а него му е многу полесно бидејќи не носи високи потпетици и има повеќе сила, па тоа не би требало да му претставува проблем.
3. Го забележавте во салата за вежбање. Замолете го да ви покаже некои вежби за задникот, стомачните мускули, а потоа комплетирајте го неговото торзо така што ќе го прашувате за сите мускули.
4.Мажите сакаат да бидат спасители, а жените сакаат да бидат спасени. Затоа замолете го да ви ги замени свеќиците или да провери дали гумата на вашиот автомобил треба да се промени.
5. Замолете го да ви објасни нешто од областа за која знаете дека го интересира. Прашајте го нешто за што знаете дека ќе ви го објасни стручно. Знаете дека сите мажи обожаваат да бидат стручни.
6. Кажете му дека во сабота кај вас дома ќе правите скара и дека ви е потребен некој што ќе ви помогне да ја „потпалите" скарата.
Ако и по овие ваши мали провокации ништо не се случи, тогаш немојте да се трудите. Што ќе ви е маж кој нема смисла за хумор, не сфаќа брзо или можеби не му се ни допаѓате...



















































