
Замислете само...новогодишна вечер...сами вие двајца, заљубени до уши. Топлина насекаде. Во вашата душа, во вашите очи...килимот е црвен, многу перници на подот покрај каминот, а надвор месечината и бела светлина од снегот на улицата. Вечерата е на маса, виното исто така...црвено е како вашата зовриена крв. Наплив на емоции....со еден збор кажано - соба исполнета со ЉУБОВ!!! Иако ова прилега на атмосфера од некој романтичен филм, сепак не е невозможна. За да дојдете поблиску до ваква идилична атмосфера, еве неколку предлози:
УЖИВАЈТЕ СО РОМАНТИЧНА МУЗИКА
Направете плеј-листа со своите омилени песни или, пак, со некои други добро познати љубовни песни. Снимете ги на цеде и за време на новогодишната ноќ пуштете го цедето и уживајте во прекрасните романтични звуци што ќе ве понесат.
ВИЕ ВО НЕГОВАТА ОБЛЕКА
Машката претстава за романтика: по вечерата облечете ја на себе неговата кошула. Тоа навистина дејствува! По ова сигурно ќе се случат сосема други работи за кои вие не сте ни размислувале..
НАЗДРАВУВАЈТЕ ЗА ЉУБОВ И ЗА ВАС
Кога и да наздравите со чашите, без разлика дали тоа е шампањ, сок или, пак, само вода, одвојте момент со партнерот да наздравите за заедничките желбите и соништата што посакувате да ви се исполнат во новата година. Испијте го пијалакот во знак на иднината.
ХРАНЕТЕ СЕ МЕЃУСЕБНО
Чоколада, вино, лешници... Уште од многу одамна е познато дека храната е силен афродизијак. Зачинетата храна ја забрзува циркулацијата и ви ги заруменува образите. Со храната сервирана во ситни парченца може да се храните меѓусебно со својот партнер и да уживате во вкусните интимни моменти.
ТАНЦУВАЈТЕ
Искористете ја романтичната музика за да танцувате. Така ќе постигнете идеална ситуација за поголема возбуда. Истражувањата покажуваат дека тангото го намалува нивото на стрес кај паровите, а го зголемува нивото на сексуалниот хормон. Клучни се три моменти: музиката, движењата и физичкиот контакт со партнерот.
ГУШКАЊЕ
По 00:00 часот легнете си гушнати пред телевизорот и пуштите ги омилените филмови. Направете атмосфера: изгасете ги светлата, направете топла чоколада и земете ќебенце. Ќе биде прекрасно!



















































