hotbathОпуштени и голи оваа зима: Топ 12 идеи
Соблечете се голи со партнерот и покажете му ги најновите пози од вашиот последен јога час.
na_odmorЛетни локации за запознавање момче
Текстов им го посветуваме на сите девојки што и покрај нашите совети, сé уште се сингл.
sex_on_fireСексот и градот
Необични локации за возбудлив и несекојдневен секс!
pregnanat_ladyСовети како да бидете среќни девет месеци
Почувствувајте ја бременоста на вистински начин!

Важни вистини за една врска


turisti_2

Одржувањето на љубовната врска личи на возење во непознат правец без автокарта. Може да биде интересно, забавно и предизвикувачки, но понекогаш и застрашувачки. Особено ако се занесеме и ако заборавиме да ги следиме знаците на патот. Дали вашата врска оди кон правилната насока?Дали на крајот од патот ве чека зеленото светло или некоја слепа улица? Еве неколку важни вистини за љубовниот однос во врската според кој можете да предвидите дали вашата врска оди во нагорна линија:

Далечината го предизвикува копнежот и ја јакне љубовта

Секако дека во љубовта е важно да поминувате време заедно, но стручњаците велат дека разделеноста понекогаш е корисна. Немојте да му се лутите ако понекогаш ви вели дека сака да помине викенд со пријателите. Мажите што се во долги врска сакаат да си дозволат неколку дена добра машка забава. Но, доколку вашиот однос е цврст, нема за што да се грижите бидејќи тоа нема да ѝ наштети на вашата врска. По неколку дена вашето момче ќе се врати, како препороден, но и полн со копнеж по вас.

Верувајте ѝ на интуицијата

Повеќето жени имаат одлична интуиција која никако не смее да се занемари. Вие сте во состојба од ги разликувате бесмислените, краткотрајни напади на незадоволство од длабокото чувство кое ви кажува дека меѓу вас и партнерот нешто не е како што треба. Што и да чувствувате, немојте да молчите. Разговарајте отворено и кажете му дека нешто не е во ред со вашата врска. Немојте да го оптужувате, само прашајте го што тој чувствува и дали сака нешто да ви каже. Така ќе го поттикнете да ви го каже тоа за кое веќе долго време размислува.

Нема лек за сериски прељубници

Понекогаш прељубата може да се случи ако постои емотивна или физичка празнина во врската што мажот сака да ја исполни со друга жена. Но, прељубата е многу чест сигнал на нешто сосема друго,одраз на психолошка нестабилност и незрела личност. Ако вашиот партнер својата бивша ја изневеруваше со вас, немојте да мислите дека тоа не може да се повтори и со вашата врска.

Добриот секс резервиран за долга врска

Многумина не сакаат да влезат во сериозна врска бидејќи се уверени дека така ќе мора да се откажат од страсните  сексуални искуства. Врелите еротски ноќи обично ги поврзуваме со запознавањето нови и интересни личности, а сексот во долгите врски е поврзан со поимите како што се досадата и рутината. Но, верувајте, сексот во долгите врски можеби е со намален квантитет, но никако не го губи својот квалитет. Долгата врска ни овозможува добро да го запознаеме партнерот, да го истражуваме секој дел од неговото тело и да заклучиме што најмногу го возбудува. Предиграта која најверојатно на страсниот почеток сте ја прескокнувале, сега е фокус на вашиот сексуален живот.



 
Unique-avgust
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Брзањето нема да ве одведе никаде денес, ако сте среќни! Ако не сте може да завршите многу поназад отколку вчера, а тоа не можете да си го доволите.

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Вашиот живот цвета како рана пролет и ќе се пронајдете себе си разговарајќи со странец во некоја интересна насока. Проверете дали луѓето се подготвени да стојат до вас!

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Имате навистина тешка листа со задачи која ви стои пред лице. Добрата вест е што ја имате потребната ментална енергија за го средите тоа. Пронајдете нов начин да ги следите работите.

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес силно посветете се на малите детали. Нешто не е сосема во ред, но ако вистински обрнете внимание ќе сфатите што се случува.

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Добро време е да се посветите на себе и да ја смирите социјалната енергија. Размислете одново за вашите планови и за минатото. Затворете ја вратата и најдете некое тивко место.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес ќе достигнете сериозно кул достигнување, можеби нема ни да сфатите дека целите натаму. Истапете и направете вистинска разлика во вашиот живот.

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Ваш пријател се обидува да ве натера да ги гледате работите малку поинаку, a вашиот ум е доволно отворен да ја прифати неговата понуда. Тоа не значи дека треба целосно да се премислите!

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Обидете се поново да ја воспоставите изгубената врска, без разлика дали е професионална, пријателска или љубовна. Верувајте повторно ќе ви бидат потребни луѓето на кои некогаш целосно се потпиравте.

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Побарајте било што денес, на крај ќе излезе по ваше. Некое време ќе мора да чекорите без тоа што го сакате, но на крајот ќе го извлечете максимумот од ситуацијата.

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Дистанцата не е пречка за вашиот комуникациски стил денес, можете практично да читате умови и покрај километрите раздалеченост. Истражете ги опциите и посегнете по оние кои треба да ви ја чујат пораката.

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Не сте сосема сигурни што се случува со вашите луѓе, сите како да глумат и да ве лажат во очи. Добрата вест е што фазава нема да трае долго и работите ќе се вратат во нормала.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашата најблиска врска ви го прави животот забавен денес и тоа значи дека дефинитивно сте на вистинското место да побарате услуги или помош. Време е за социјализирање!

10-02-2012
News image

Мисионерска во вис. Инструкции: започнете со стандардната мисонерска поза, тој врз вас. Во текот на сексот предложете му да се крене ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)