
Имате нов партнер и нормално е на самиот почеток да бидете позатворени и резервирани во тоа што ќе го направите и кажете пред него. Но, вие навистина сакате вашата врска да успее, бидејќи тој премногу ви се допаѓа и по неколкуте видувања, сметате дека тој е вистинскиот партнер што го чекавте долго време. Но, не е секогаш така како што си мислите. За да не ги излажете своите чувства, уште на самиот почеток, еве неколку предлози кои ќе ви помогнат подобро да го запознаете својот нов партнер:
Поставете му неколку прашања
За да дознаете што сака тој во животот и кои му се визиите за неговата иднина, ќе мора да му поставите неколку прашања за да го дознаете тоа. Но, немојте да бидете премногу нападни. Најпрво почнете да раскажувате за своите мислења во животот, а потоа прашајте го за неговите. Така ќе добие сигурност и можност полесно да ви се отвори. Ќе добиете јасна слика за него, а нема да испаднете премногу љубопитна.
Интересирајте се за работите што тој ги сака
Покажете интерес за неговите интереси кои можете да ги вклучите и како свои. На пример, повикајте го на трчање или кажете му дека имате желба некој ден да отидете со него и со неговите другари на пример на фудбал, кошарка и слично. Така ќе ја видите и онаа страна што луѓето ја покажуваат кога се отпуштаат во своите омилени активности.
Разменете си подарочиња
Предложете му, еден на друг да си подарите подарочиња, нешто за кое знаете дека и двајцата ќе ве развесели, но поединечно. Одредете граница- подароците не смеат да бидат поскапи од 1.000 денари. Откако ќе го сторите тоа, образложете му зошто токму тој подарок сте го одбрале за него. Со тоа што ќе го добиете од него всушност на еден забавен начин ќе дознаете со какви очи тој ве гледа.



















































