
Сите имаме различно гледиште за тоа што е романтиката. Таа може да биде присутна и на почетокот на врската и ако сте во брак 30 години.Само најважно е да се запомни дека романтиката ја има и во најмалите секојдневни нешта. Еве неколку најчести заблуди за тоа што некои мислат за романтиката или што е потребно за да се биде романтичен.
Романтиката бара пари, труд и време
Во некои случаеви, да, романтиката бара повеќе време, но најголемата романтика е во малите нешта, а тие можат многу да значат за една врска. Романтиката не претставува количество пари што стеги потрошиле на партнерот, туку исполнувањето на неговите желби е најголемата романтика.мал знак на внимание може да значи повеќе отколку купување скап подарок.
Не е потребна романтика во врската
Честопати партнерите знаат да се запостават. Причина за тоа понекогаш се секојдневните обврски поради кои не забележувате дека се полека се одалечувате од партнерот. Со романтиката врската ќе ја направите интересна, но и така многу повеќе ќе уживате во неа.Романтиката е вистинска желба да го израдувате својот партнер, а со тоа и да го направите среќенПрепуштете им се на своите чувства и следете го својот инстикт.
Само жените се романтични
Жените сметаат дека тие се поголемите романтичарки во врската, што не треба да биде така. И жените и мажите треба да имаат свој удел во ромнтичноста на нивната врска. Вистина е дека никој не е роден романтичар, но затоа секој може да научи да бде романтичен.Романтиката е заразна. Кога еднаш ќе ја почувствувате тогаш посакувате уште и уште.
Те сакам - е доволно за да се биде романтичен
Овие се двата збора што сите сакаат да ги чујат од партнерот. Но, кога станува збор за романтика, сите добро знаеме дека делата повеќе говорат од зборовите. Ако сакате да бидете навистина романтични, тогаш поткрепете ги ове зборови со нешто на што вашиот партнер ќе се сеќава. Гледајте на романтиката како на ментална предигра и личноста која ја сакате нека знае колку мислите на неа.



















































