
Жените постојано ги критикуваат мажите дека се комплетни идиоти
Кога жените сакаат да си ја остварат својата цел, спремни се да ги употребат сите средства за да стигнат до неа. Иако не нарекуваат „понежен пол“, ние жените понекогаш знаеме да бидеме и груби, особено во врски кога со манипулации го добиваме она што го сакаме. Кога се работи за мажите, знаеме да бидат многу злобни и користољубиви. Убедени сме дека ваквото наше однесување е прифатливо, без разлика дали машкото его е повредено или не. Еве некои од нашите злобни навики кои ги употребуваме за да си ги задоволиме своите сопствeни потреби и желби:
Секогаш имате резерва...
Долго време сте во врска со партнерот, но одеднаш се појавува нова личност во вашиот живот. Со текот на времето, се повеќе сакате да бидете со таа друга личност, но не сте сигурни во неговите намери. Со моменталниот партнер се однесувате поинаку. Станувате многу таинствени и одбегнувате секаков разговор кој би можел да ги открие вашите чувства за новата личност која тукушто се појави во вашиот живот. Оваа тактика ја практикуваат оние жени кои не сакаат да останат сами во ниту еден момент. Па затоа не ја напуштаат старата врска се додека не бидат сигурни дека новиот потенцијален партнер е сериозен во своите намери. Обично тоа се жените кои се подложни на изневерување.
Манипулирање со емоции...
|
54% од жените бараат богати мажи |
Жените знаат дека мажите не сакаат да ги гледаат како плачат,па затоа знаат тоа многу добро да го искористат за да си ги исполнат своите желби. Со малку вештачки солзи може да добијат се што ќе посакаат. Поголемиот дел од мажите не ја разбираат женската чувствителност, па затоа многу често паѓаат на нивните емотивни трикови. Со помош на солзите и други емотивни сцени, ние жените се служиме за да дојдеме до целта што ја сакаме.
Флертувате за да предизвикате љубомора...
Понекогаш ви се јавуваат чувства дека тој не ве цени доволно и дека неговите чувства кон вас не се доволно силни колку што се вашите за него. Се прашувате дали вие сте криви за тоа, дали вашиот однос кон него е онаков каков што не треба да биде т.е дали премногу му дозволувате и сте предобра со него. Најдобриот начин со кој жените се служат за да го направат мажот љубоморен и да си го заштитат своето его е флертот со други мажи. Но понекогаш не мора тоа да е единствената причина, туку едноставно уживате во тоа да си поигрувате со чувствата на вашиот партнер. Иако жените кои флертуваат со други мажи се сметаат за незрели, сепак флертот понекогаш помага за да го излудите својот партнер и тој да посака никогаш повеќе да не ве испушти од раце.



















































