nezno_ja_budi_od_sabajleУтрински секс
Заменете го стариот аларм со нов - утринскиот секс!
ljubovnici_doma5 локации за брз секс
На кои места можете да се одвоите од толпата и со партнерот да имате секс набрзина?
biznismeni_na_sofaШто му штети на бракот?
Кои навики не се здрави за вашиот брак?
zamislena_pred_placenjeНе го сакате повеќе…
Кои знаци ќе ви покажат дека не го сакате повеќе?

5 забрани за пишување СМС!

SMS

СМС-пораките погрешно се интерпретираат под влијание на моменталното расположение

СМС - пораките се навистина добар начин да ја одбиете поканата за состанок кога не сакате да го повредите културното и внимателно момче. Добри се и за ситуациите кога немате храброст да се соочите со неговиот глас.

Можеби ќе ве сметаат за девојка без доволно храброст, но и пораката е некаков знак, таа има значење...на крајот на краиштата подобро нешто отколку ништо, нели? Факт е дека новите начини за комуникација не направија похрабри девојки во пристапот, но кога велиме дека не е време за покажување храброст?

  • забрана: КОГА СТЕ ЛУТИ!

Не е тука пред вас за да ве стопи со својот нежен поглед. Во главата ви се само лошите импресии што го будат ѕверот во вас. И што правите? Со неверојатна брзина куцате порака не размислувајќи многу за тежината на пишаните зборови. Следниот пат воздржете се! Еве еден проверен трик: напишете ја пораката и наместо на копчето send, притиснете на delete. Пробајте, чувството е подеднакво олеснувачко.

  • забрана: КОГА ВЕЌЕ ПРАТИВТЕ ЕДНА!

Дојде моментот кога решивте да му изјавите љубов преку порака, го сторивте тоа и башка добивте позитивен одговор од другата страна. Тоа е тоа, работата е завршена вратете го телефонот во чантата. Што??? Помислувате да пратите уште една? Делот дека вие го сакате уште повеќе навистина штрчи. Не е време за натпреварот КОЈ КОГО ПОВЕЌЕ САКА, посебно не ако се знаете само една недела.

  • забрана: КОГА САКАТЕ ДА СЕ ПОШЕГУВАТЕ!

Пораките ги толкуваме според моменталното расположение. Момчето ви праќа заканувачка порака, но вашето добро расположение влијае да не ја сфатите сериозно, напротив му се јавувате и правите шала од содржината. Пораките се осетлива работа затоа бидете внимателни особено кога сакате да се пошегувате на негова сметка. Ништо чудно тој да помисли дека сте цинична и дека сакате да го омаловажите.

  • забрана: КОГА СТЕ ПИЈАНА!

Дека ќе утнете едно сто букви не е толку страшно, но ако напишете нешто што никогаш не би го кажале кога би биле трезни е тогаш веќе имаме проблем...ќе треба да се соочувате со непотребен срам. Работите навистина може да тргнат наопаку ако прерано изјавите љубов под дејство на „пијаните" хормони, или пак, ако кажете дека навистина не е фер што ве остава да го чекате неговиот повик. Ќе испаднете очајна девојка што се плаши да се соочи со фактите.

  • забрана: ПОСЛЕ ПРВИОТ СОСТАНОК!

Да, знаеме дека летате во облаци и дека со тешко срце се одделивте од него и дека илјадници пораки не се доволно за да му напишете како се чувствувате, но во моментот не ви е потребна ниту една. „Ти благодарам за убавиот состанок, се надевам дека ќе го повториме за брзо време", на ова можете да се надевате дека ќе го добиете, но не и да го пратите. Држете се до втемелените правила, верувајте дека успеваат, се додека сте искрени пред себе дека состанокот навистина беше волшебен за двајцата.



 
Unique-avgust
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Брзањето нема да ве одведе никаде денес, ако сте среќни! Ако не сте може да завршите многу поназад отколку вчера, а тоа не можете да си го доволите.

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Вашиот живот цвета како рана пролет и ќе се пронајдете себе си разговарајќи со странец во некоја интересна насока. Проверете дали луѓето се подготвени да стојат до вас!

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Имате навистина тешка листа со задачи која ви стои пред лице. Добрата вест е што ја имате потребната ментална енергија за го средите тоа. Пронајдете нов начин да ги следите работите.

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес силно посветете се на малите детали. Нешто не е сосема во ред, но ако вистински обрнете внимание ќе сфатите што се случува.

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Добро време е да се посветите на себе и да ја смирите социјалната енергија. Размислете одново за вашите планови и за минатото. Затворете ја вратата и најдете некое тивко место.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес ќе достигнете сериозно кул достигнување, можеби нема ни да сфатите дека целите натаму. Истапете и направете вистинска разлика во вашиот живот.

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Ваш пријател се обидува да ве натера да ги гледате работите малку поинаку, a вашиот ум е доволно отворен да ја прифати неговата понуда. Тоа не значи дека треба целосно да се премислите!

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Обидете се поново да ја воспоставите изгубената врска, без разлика дали е професионална, пријателска или љубовна. Верувајте повторно ќе ви бидат потребни луѓето на кои некогаш целосно се потпиравте.

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Побарајте било што денес, на крај ќе излезе по ваше. Некое време ќе мора да чекорите без тоа што го сакате, но на крајот ќе го извлечете максимумот од ситуацијата.

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Дистанцата не е пречка за вашиот комуникациски стил денес, можете практично да читате умови и покрај километрите раздалеченост. Истражете ги опциите и посегнете по оние кои треба да ви ја чујат пораката.

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Не сте сосема сигурни што се случува со вашите луѓе, сите како да глумат и да ве лажат во очи. Добрата вест е што фазава нема да трае долго и работите ќе се вратат во нормала.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашата најблиска врска ви го прави животот забавен денес и тоа значи дека дефинитивно сте на вистинското место да побарате услуги или помош. Време е за социјализирање!

10-02-2012
News image

Мисионерска во вис. Инструкции: започнете со стандардната мисонерска поза, тој врз вас. Во текот на сексот предложете му да се крене ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)