
Впечатокот на првиот состанок одредува дали ќе се роди нов пар
Многу лесно може да ги испуштите лошите сигнали кои ви поминуваат пред очи додека сте на состанок со момчето кое можеби е вашиот потенцијален партнер. Но, ако сте претпазливи и знаете како да ги прочитате лошите сигнали, тогаш можете слободно да се ослободите од залудното чекање да се случи хемија помеѓу вас двајца. Првиот состанок секогаш треба да биде забавен, отпуштен, да уживате во моментите и нормално, да скенирате.
НЕ МОЖЕ ДА СЕ КОНЦЕНТРИРА
Разговара со вас, но погледот на секоја минута му се свртува на страна-гледа кој поминува покрај вас, прати што се случува на другата маса, додека ве гледа погледот му одлетува некаде позади вашето рамо. Иако за сето тоа време тој се преправа дека ве слуша и учествува во разговорот- не трошете си го времето. Следете го неговото однесување и многу брзо кажете му дека ви е жал, но дека морате да си одите. Не чекајте тој прв да го каже ова.
СОВЕТ ПЛУС!
На првиот состанок нема прозевање.Тој ви се смешка додека зборувате, а на крајот од состанокот почнува да се прозева. Исто така, ви постави едно исто прашање дури два пати, а заборави да ве праша што ќе правите утре. Кратко и јасно. Прешкртајте го!
КОН ВАС Е ДОБАР, КОН ДРУГИТЕ АРОГАНТЕН...
Ако кон вас е премногу внимателен, а при тоа лошо го третира персоналот во ресторанот во кој седите, верувајте дека за неколку месеции кон вас ќе се однесува исто така.Тогаш ќе го покаже своето вистинско лице.
ВЕ ЗАМОРУВА СО НЕВАЖНИ ПОДАТОЦИ
Ако секогаш се фали дека работи одговорна работа, ве затрупува со непотребни детали и поими од неговата работа, кажува имиња на луѓе кои се негови колеги...прочитајте го неговиот досаден говор. ПОТПОЛНО НЕ СЕ СНАОЃА на работното место, а најверојатно и со вас.
МАНИПУЛАТИВНА ТАКТИКА
Секое пристојно момче, на првиот состанок, ќе остави вие да одлучите колку сакате да се отворите и да кажете за себе. Ако почувствувате дека премногу е заинтересиран за вас и вашиот живот, а при тоа заборава да зборува за себе, значи дека само сака да остави впечаток дека е го интересирате. Но, верувајте дека негова крајна цел е да ве однесе во кревет!



















































