
Физичкиот контакт може да биде празен, без чувства, а постојаниот копнеж за некој, покрај партнерот, е симптом за врска што виси на конец
Нема едноставен одговор на прашањето зошто жените изневеруваат, но постојат некои најчести причини поради кои тоа се случува. Многу жени се во врска во кој им недостига секс, внимание, романтика, комуникација...Кога - тогаш, тоа ќе доведе до прељуба.
Се повеќе се говори за жените кои изневеруваат. Помина времето кога мажите беа тие кон кои покажувавме со прстот. Што е тоа толку силно, што сопругите и девојките ги тера да легнат во креветот на друг маж? Еве неколку причини:
| 36% од мажените жени го изневериле својот сопруг |
ЗАПОСТАВЕНОСТ
Кога сопругот или момчето се емоционално недостапни и кога ги игнорираат потребите на жената, а таа цело време се труди да воспостави комуникација Elizabeth Sloan, терапевт и советник за парови тоа го нарекува yadda или фактор-yadda . Се на се, жената ќе се обидува некое време да допре до мажот, но со текот на времето ќе се откаже и нормално, ќе побара некој кој ги разбира нејзините потреби.
ШТО Е СО ПОСЛЕДИЦИТЕ???
Побарајте го вториот број на женското списание Unique, што веќе е во продажба, и дознајте Што поминува низ неговата глава...кога ќе дознае дека сте го изневериле. Така ќе ги дознаете последиците што ве очекуваат доколку се одлучите на прељуба и доколку вашето момче го дознае тоа.
СЕКСУАЛНА НЕИСПОЛНЕТОСТ
Дури и тогаш кога сексот е редовен, можно е жената да не биде сексуално исполнета и задоволна. Жената ќе се обидува да му укаже на својот маж за потребите, но често се случува да добие одговор како:„се обидуваш да ме научиш како да бидам вистински маж" или „не ме цениш како љубовник". И да, понекогаш жените кога не се задоволни од сексот, наоѓаат некој друг кој ќе успее да ги задоволи.
| 44% од женетите мажи ја изневериле својата сопруга |
ОДМАЗДА
Во овој случај, најчесто сценарио е она кога во текот на заедничкиот живот мажот ја изневерува жената. По изневерувањето тие повторно остануваат заедно. Жената никогаш не се помирува со тоа и желбата за одмазда и се појавува тогаш кога ќе и се укаже прилика за прељуба.
ИЗГУБЕНА ПОЧИТ
Сите ние сакаме да веруваме дека некој запловил во брачните води само поради љубовта, но ако мажот со текот на времето, од било која причина, престане да биде тоа што бил на самиот почеток, ни во очите на сопругата нема да биде подобар. На тој начин, жената ќе престане да го почитува својот маж и ќе побара друг кој повторно ќе ја освои со она што нејзиниот сопруг ја освоил на почетокот.



















































