tieНеромантичната страна на љубовта
Вистинскиот се повеќе се претвора во најсоодветниот, во оној чиј карактер ви е најподнослив.
couple_with_babyКако да преживеете во неплоден брак?
По дефиниција неплодноста значи неможност да се остане бремена по една година.
malaslikiСправете се со конфликтите во врската
Гневните коментари на глас ќе ја исфрлат негативната енергија од вас, но не очекувајте решение на проблемот во врската.
postari_roditeliПристигна и првата средба со мајка му...
Како лесно да ја придобиете неговата мајка уште на првата средба?

Ефектот на пеперутките

butterfly_aha

Чувството како да летаме во облаци и се наоѓаме некаде во рајот е она што доаѓа со пеперутките во стомакот

Мистеријата за привлекувањето меѓу луѓето е се уште нерешена. Нема одговор на прашањето зошто некој толку многу не привлекува, а зошто некој не. Тешко наоѓаме објаснување за пеперутките во стомакот, насмевките до уши, еротската привлечност, страста и радоста кога сме со тој што го сакаме.

Дали е во прашање Аморовата стрела, чиста хемија, визуелна сензација, психолошка или хормонска реакција? Кога ќе се заљубиме, имаме само една мисла...Саканиот. Расеаност, изгубеност...некој чуден вид на пијанство. Тоа што ни се случува во стомакот е од целиот третман кој му го даваме на нашето тело како последица на тоа што сме среќни. Чувството како да летаме во облаци и се наоѓаме некаде во рајот е она што доаѓа со пеперутките во стомакот. Тие се развиваат исто како и вистинските пеперутки. Прво се гасеници кои нежно не чешкаат, а по сите оние убави бакнежи, милувања и останатите убави работи...гасениците се претвараат во пеперутки и полетуваат. Резултатот е убав скокот и енергија што не тера да трчаме. Чувство што не сакаме да престане никогаш, секогаш кога ќе се случи.

КОГА ДОАЃААТ ПЕПЕРУТКИТЕ?

Пеперутките во стомакот доаѓаат со заљубеноста. Таа е онаа прва фаза, која речиси секогаш ја има на почетокот на некоја врска, кога едвај чекате да ја видите саканата личност, кога гледате низ стаклата на розовите очила и кога едноставно сте како мува без глава. Заљубеноста се состои од возбуда и страсти. Константно имате чувство на немир, треперење, немате концентрација за ништо друго, освен да сонувате со отворени очи, чувствувате како да лебдите, а кога ќе ја видите или чуете саканта личност, од глава до пети ви поминува некоја топла струја од која ви заруменуваат образите и усните и уште повеќе се растреперувате...

Што велат NOTFORMEN девојките за ЕФЕКТОТ НА ПЕПЕРУТКИТЕ?

Ана 20

Aх...пеперутки. Еднаш ги имам почувствувано.
Чудно чувство. Прекрасно. Занесно. Збунето. Трепет. Чувствував како да ме обвиткала некоја енергија која ме воздигнува, па паѓам, па лебдеам....занесот траеше долго. Уф..сакам пак.

Ирена 25

Тоа чувство го имам и само кога ќе помислам на некој, не мора да го видам за да летнат некои пеперутки. Таа возбуда не се опишува, само може да се почувствува. Во таков момент се здрвувам, чувствувам како нозете ми се кочат, не можам да изустам збор, а се трудам да го прикријам тоа (не знам колку ми успева).

Билјана 23

Пеперутки во стомаков имам и на самата помисла на него, а не па кога ќе го видам  Нозе и раце ми се тресат кога треба да се јавам или кога ќе се јави .. за средбите да не зборувам  Би сакала да може да ме види некој од страна и да ми каже како изгледам.



 
Unique-avgust
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Брзањето нема да ве одведе никаде денес, ако сте среќни! Ако не сте може да завршите многу поназад отколку вчера, а тоа не можете да си го доволите.

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Вашиот живот цвета како рана пролет и ќе се пронајдете себе си разговарајќи со странец во некоја интересна насока. Проверете дали луѓето се подготвени да стојат до вас!

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Имате навистина тешка листа со задачи која ви стои пред лице. Добрата вест е што ја имате потребната ментална енергија за го средите тоа. Пронајдете нов начин да ги следите работите.

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес силно посветете се на малите детали. Нешто не е сосема во ред, но ако вистински обрнете внимание ќе сфатите што се случува.

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Добро време е да се посветите на себе и да ја смирите социјалната енергија. Размислете одново за вашите планови и за минатото. Затворете ја вратата и најдете некое тивко место.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес ќе достигнете сериозно кул достигнување, можеби нема ни да сфатите дека целите натаму. Истапете и направете вистинска разлика во вашиот живот.

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Ваш пријател се обидува да ве натера да ги гледате работите малку поинаку, a вашиот ум е доволно отворен да ја прифати неговата понуда. Тоа не значи дека треба целосно да се премислите!

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Обидете се поново да ја воспоставите изгубената врска, без разлика дали е професионална, пријателска или љубовна. Верувајте повторно ќе ви бидат потребни луѓето на кои некогаш целосно се потпиравте.

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Побарајте било што денес, на крај ќе излезе по ваше. Некое време ќе мора да чекорите без тоа што го сакате, но на крајот ќе го извлечете максимумот од ситуацијата.

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Дистанцата не е пречка за вашиот комуникациски стил денес, можете практично да читате умови и покрај километрите раздалеченост. Истражете ги опциите и посегнете по оние кои треба да ви ја чујат пораката.

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Не сте сосема сигурни што се случува со вашите луѓе, сите како да глумат и да ве лажат во очи. Добрата вест е што фазава нема да трае долго и работите ќе се вратат во нормала.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашата најблиска врска ви го прави животот забавен денес и тоа значи дека дефинитивно сте на вистинското место да побарате услуги или помош. Време е за социјализирање!

10-02-2012
News image

Лулашка. Инструкции: партнерот нека легне на грб со нозете малку раширени, а главата под перница. Седнете врз него како кога седнувате ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)