
Имаше ли причина зошто...магично прашање со кое најлесно ќе дојдете до одговорот
Ви се допаѓало или не, но факт е дека и најфиниот дечко не е имун на лажење. Мажите во принцип лажат за да избегнат расправија, а не дека немаат доволно храброст да се соочат со вистината. Попрво ќе излаже отколку да губи време во објаснување.
Лажењето за големи работи како изневерување може да биде пресудно за опстанокот на врската. Но ситните лаги од типот: „Болен сум нема да можам да дојдам на роденденот на твојата најдобра пријателка" , се доволни за да ве испровоцираат да се бунтувате зошто не е искрен. Но, ако толку копнеете по искреност, има начин и да дојдете до неа.
ПРИКЛЕШТЕТЕ ГО!
Окупирајте го неговиот простор со вашето тело за да не може да избега. Ако на пример седи на фотелја, вие седнете на подот помеѓу неговите нозе, или пак седнете му во скут. Почнете со испрашувањето, но не директно гледајќи го во очи, така ќе се исплаши. Додека го чепкате за коса, или додека чепкате по Facebook, почнете да постапувате прашања. На овој начин ќе го натерате да помисли дека само сакате да си муабетите, а ни на крај памет нема да му падне дека изигрувате истражен судија.
ПОСТАВЕТЕ ГО МАГИЧНОТО ПРАШАЊЕ!
ИМАШЕ ЛИ ПРИЧИНА ЗОШТО...? Ова е магичното прашање со кое најлесно ќе дојдете до одговорот. Самата форма на прашањето повеќе има информативен отколку испитувачки призвук, барем така велат психолозите. Наместо да го обвинувате и да се дерете како не дошол или не се јавил, културно прашајте за причината. Ако и понатаму се сомневате во одговорот, додајте само едно испитувачко и тивко Навистина? и чекајте го одговорот. Вашиот молк ќе го збуни и ќе го зголеми притисокот да биде искрен.
ПОТРУДЕТЕ СЕ ДА НЕ ЗАЖАЛИ ШТО ВИ КАЖА!
Доколку го уверите дека вистината нема да има никакви последици, тогаш ќе се отвори уште на старт, тоа е сигурно. Откако ќе признае, ставете ја темата на пауза. Излезете со друштвото, забавувајте се и оставете го зачуден. Но, откако ќе се вратите дома, зборувајте со него. Кажете му дека ја цените неговата искреност и храброст, потсетете го дека тоа е причината поради која го сакате. Заклучете дека врската ќе биде постабилна и вистинска доколку отворено зборувате за се, за крај бакнете го.



















































