
Искреноста е добра се додека не ве тера да направите нешто што не сакате, а сте обврзани поради самата околина и осуда
Тоа беше само за една вечер. Направивте грешка и го изневеривте партнерот, но тоа не ве прави лоша девојка. Вие сте обичен смртник што потклекна на земните задоволства. Знаете дека ја направивте најголемата глупост...последната нишка морал што остана во вас ве копка да земете и да му признаете се. Сепак тој ве сака, ќе најде сили да ви прости.
Да, така ве учевме да не бидете плашливци и да се соочувате со грешките во животот. Но, ако добро се сеќавате вие не нападнавте дека признавањето е уште поголема грешка од самиот чин на изневерување. Затоа девојки ако не сте спремни да и кажете чао на врската, а уште помалку да го повредите, подобро чувајте го јазикот зад заби. Доволна е вината што треба да ја носите, па сега уште ќе треба да ги трпите и неговите обвинувања.
Ако не бевме доволно убедливи, еве 8 ЗОШТО да молчите:
ЗОШТО НИКОГАШ НЕМА ДА ДОЗНАЕ!
Ако сте доволно паметни ќе ги закопате сите контакти со тој што ви помогна во изневерувањето. Стајте се малку во детективски филм и дознајте дали има некаква врска помеѓу нив двајца. Ако вие не ја отворите вашата уста, тој нема ни да се посомнева во вас. Особено е важно да внимавате кај кого се исповедате за своето злодело. Сетете се, она што не го знаете не може да ве повреди. Истото важи и за него, ако не дознае дека сте го изневериле нема зошто да биде повреден, а уште помалку да ве повреди вас.
ЗОШТО ТОЈ ЧОВЕК НЕ ВИ ЗНАЧЕШЕ НИШТО!
Тоа беше чувство, испивте малку повеќе или добивте шанса да бидете со некој за кој одамна копнеевте. И сама знаете дека тоа беше само за една вечер. Иако беше возбудливо и неповторливо, јасно ви е дека никогаш нема да се повтори. Тогаш зошто да ги признавате сите грешки. Во ред е да се извинувате и да го молите во случај да дознае, но вака само ќе го изгубите угледот што го стекнавте кај него.
ЗОШТО ЌЕ МУ ДАДЕТЕ ЏОКЕР ВО РАКА!
Еве да речеме дека е фино момче што решава да ви даде шанса и мисли дека вреди вашата врска да продолжи понатаму и покрај вашиот кикс. Зар навистина поверувавте во приказната за добро момче? Па тој изневерувањето ќе ви го извади низ нос. Повеќе ќе немате право на збор или да се буните за ништо бидејќи тој ќе си има џокер во рака, а вие ќе морате да ги следите правилата на игра. Зар навистина сакате постојано да ве удира по лице со вашата грешка?
ЗОШТО ЌЕ СЕ СООЧИТЕ СО УШТЕ ПОГОЛЕМА ЛАГА!
Вие решивте да играте со отворени карти и да признаете за тоа колку сте безобразна и неморална, за на крај да дознаете дека вие сте вистинско срце во однос на него. Човекот виде искреност и се полета да каже дека и тој ве изневерил уште кога вие не знаевте дека постојат други мажи на планета Земја, освен него.
ЗОШТО РИЗИКУВАТЕ ДА ВИ СЕ ОДМАЗДИ!
Штом вие го скршивте ледот, тогаш веќе е полесно. Неговата перцепција за верност несомнено ќе се промени. Флерт со колешките од работа, кафенце со пријателката...зошто да се кочи кога тој никогаш не беше против тоа. Сега му го отворивте патот и не мора да се преправа.
ЗОШТО ЌЕ ВЕ ОСТАВИ И ЌЕ СИ ЗАМИНЕ!
Ова е веќе очекувана реакција. Нормално е да биде повреден до степен никогаш повеќе да не сака да ве види. Но, тука не е крајот, многу е можно со себе да ги понесе и вашите заеднички пријатели. Зар очекувате некој да застане на страната на виновникот? Нормално дека сите се лепат за повредениот.
ЗОШТО ЌЕ ИСПАДНЕТЕ СЕБИЧНИ!
Зошто воопшто луѓето помислуваат да признаат дека изневериле? Ако размислите ќе видите дека тоа го правите повторно ради себе. Не можете да заспиете навечер и аман сакате да се ослободите од проклетото чувство на вина. Ако имавте доволно храброст да легнете со друг имајте храброст и да излезете на крај со ниското мислење што го добивте за себе.
ЗОШТО НИ ТОЈ НЕ САКА ДА ЗНАЕ!
И мажите и жените велат дека ја ценат искреноста. Да искреноста е добра се додека не ве тера да направите нешто што не сакате, а сте обврзани поради самата околина и осуда. Така на пример, тој немаше да ви раскине да не беа другарите што ќе му се смееја дека е прост. Но, вака го натеравте да реагира соодветно.



















































