
Иако постојано сте заедно, тоа не значи дека во целост ги исполнувате неговите потреби
Свежината што ја носи пролетта несомнено не става во искушение. Имате чувство дека работното време трае подолго од вообичаеното, а предавањата на факултет како да немаат крај. Не можете да се соземете и да се сконцентрирате на обврските. Надвор се уште не пука пролетното сонце, но сите нерви на вашето тело пулсираат за денот и кафето на тераса.
Нетрпеливи сте официјално да ја започнете пролетната шема, секоја капка дожд ве фрустрира уништувајќи ги вашите планови да избегате некаде за викендот. И како сега да ве утешиме? Самиот факт што е месец март (знаете марта со триста ума) ги приклештува нашите предлози за состанок на отворено. Затоа издржете уште малку, а во меѓувреме почнете да ја освежувате врската со сопругот или момчето. Но, овој пат нема да зборуваме за феноменални изненадувања, време е да поработите на продлабочување на врската. Малите дози на внимание се најдобриот начин за да го нахраните коренот на вашата љубов.
ИСПОЛНЕТЕ МУ 3 ЖЕЛБИ!
Иако постојано сте заедно, тоа не значи дека во целост ги исполнувате неговите потреби. Затоа вечерта наменета за излежување пред ТВ, искористете ја за да се претворите во негова златна рипка. Кажете му дека има право на три желби, но не откажувајте се ако ве замоли да ги масирате неговите стапала.
ФАНТАЗИРАЈТЕ ВО ПАР!
Обично, пред попладневната дремка следуваат 5-те минути наменети за фантазирање. Си замислувате како ќе одите на одмор или како ќе го преуредите станот. Овој пат направете го тоа на глас заедно со него. Додека го успивате галејќи го по коса, почнете да му ги кажувате вашите мисли...веднаш ќе ви се придружи. Ќе се исполните слушајќи го како зборува во множина.
СМЕНЕТЕ ГО ВАШЕТО МЕСТО!
Паровите со стаж секогаш имаат навика да одат на истите места, некои од нив имаат дури и постојано катче во градот. Не велиме дека треба да се откажете од него, со оглед на пријатното чувство што ви го нуди, но можете да пробате и нешто ново. Измешајте се со поинаков тип на луѓе за дополнително да се споите меѓу непознатото.
ИГРАЈТЕ СЕКСИ ИГРИ!
Сигурно ви е позната играта „Вистина или Предизвик"? Овој пат, наместо со друштво, играјте ја сами. Зачинете ја малку и направете ја валкана и сочна. Поставувајте еротски прашања од типот: „Во што најмногу уживаш додека орално те задоволувам"? Доколку избере предизвик, е тогаш оставаме на вас и на вашата немирна фантазија.
Слични текстови
- 01/03/2010 - Различни облици на љубовта
- 27/02/2010 - 8 ЗОШТО да молчите дека го изневеривте!
- 24/02/2010 - Како да го натерате да зборува?
- 20/02/2010 - Ах, Ромео...зошто те нема?
- 17/02/2010 - 5 пеколни фази по раскинувањето
- 03/02/2010 - Ефектот на пеперутките
- 27/01/2010 - Кои се причините за неверство?
- 24/01/2010 - Лоши сигнали уште на првиот состанок
- 18/01/2010 - 5 забрани за пишување СМС!
- 13/01/2010 - Понекогаш е добро да се биде КУЧКА!














