Како се бакнува вашето момче? Моќта на бакнежот е толку голема што може да ве врзе за него, но може и да ве одврзе и покрај тоа што знаете дека е добар човек. Реално, кој може да поднесе момче што одвратно се бакнува? Ние веруваме дека не постои гаден бакнеж и лошо бакнување, секако постојат неколку техники што може да направат разлика, но повеќе се работи за момент на совпаѓање. Обично знаеме да кажеме, меѓу нив нема хемија, слично на тоа можеме да кажеме меѓу нив нема совпаѓање на вкусови - таа сака нежно и бавно со помалку јазик; тој сака агресивно и влажно.
Брзо, бавно, еротски, нежно, агресивно...епитети има многу, но значењето е едно, барем така толкуваат психолозите што се занимаваат со филозофијата на бакнежот. Тие издвоиле 7 типа на бакнежи врз основа на кои одредиле што посакува момчето во моментот.
СЕНЗУАЛЕН БАКНЕЖНежен, мек и страстен...ваквиот бакнеж ги буди сите сетила. Неговите усни полека ги бакнуваат вашите, додека со рацете ви минува по косата или ве држи за половината. Ваквото бакнување говори за неговата емоционална присутност и расположение за вистинско интимно искуство, или поедноставно кажано: сака секс со емоции. Од ваквиот бакнувач ќе го добиете целото внимание што го посакувате, но внимавајте да му вратите со иста мера.