zivotot1Зграпчете го животот во 6 потези!
Никој не ги забележува несовршеностите, но секој го забележува лошото расположение.
date_copy6 женски грешки на првиот состанок
Кога има хемија, 97% од мажите ќе се јават за 72 часа да договорат втор состанок.
brat1Од момче се претвори во ваш брат
Знаевте дека за вас би го препливал и Ла Манш, но само ако вие го посакавте тоа.
zaveduva_dvajcaВозбудливи еротски игри
Неколку еротски игри за во спалната соба кои ќе ви ја разгорат страста.

Емоционално неверство

emocionalno_neverstvo

Нема причина да не се дружите со колегите од работа, се додека јасно поставите граница...

Вашето слободно време го поминувате зборувајќи со пријателите од спротивниот пол, на работа флертувате со колегите, не сакате да се откажете од излегувањето со пријателите од факултет особено кога ќе се сетите дека колегата се уште има чувства за вас...дали ваквите постапки ве прават неверна девојка или сопруга?

И што ако зборувате со машките пријатели на чет??? Забавно ви е, разговорот потполно ве расположува и нема место за паника се додека облеката е на вас. Доколку се согласувате со ова, тогаш заборавете на правото да прашувате за туѓите СМС пораки (паaa, што ако и пишал дека ја посакува, ништо не се важи се додека не ја легне).

Здравата врска, а особено успешниот брак зависи од вашиот однос кон другите мажи, истото важи и за нив. Мора да поставите граница во начинот на комуникација со колегите и пријателите ако сакате да го задржите статусот зафатена девојка или омажена жена.

Никој не би сакал да дојде дома и на компјутер да начека отворен Facebook профил и муабет од типот: „А, каква предигра сакаш"?

КАКО ДА НАПРАВИТЕ ДИСТАНЦА СО ОСТАНАТИОТ МАШКИ СВЕТ?

Не мешајте работа и задоволство - нема причина да не се дружите со колегите од работа, се додека јасно поставите граница дека не може некој туку така да дојде да ве прегрне или да ви постави интимно прашање. Приватните разговори нека бидат куси без разоткривање многу детали.

Работните средби не селете ги кај него дома - гледајте состаноците да ги одржувате во канцеларија или во ресторан. Ако неколку пати кажете дека ќе одите кај него дома да работите, а тој е сингл, несомнено ќе оставите простор за сомнеж. Ако сепак неговиот дом најмногу ви одговара за работа, тогаш колегата задолжително запознајте го со партнерот, така ќе ги избркате неговите сомнежи.

Излегувајте во групи - доколку добиете повик за кафе од колегата, кој долго време беше затрескан во вас, прифатете ја, но гледајте да биде преку ден. Можете да се јавите и на уште неколку други луѓе што биле дел од вашето друштво и да организирате групна средба. Вака ги намалувате шансите за создавање интимност.

Не се опивајте во машко друштво - на свечените средби со колегите или пријателите, бидете претпазливи со алкохолот. Неколку чаши вино се доволни за да ви го поматат умот и да го влошат вашето рационално расудување. Тогаш се ќе ви се чини возможно, неправилните потези одеднаш ќе станат привлечни. Уште ако и вие потајно криете некое жарче чувство, тогаш шансите за грешка се уште поголеми.

Бидете искрени пред себе - и се започнува со самозалажувањето... се уверувате себе се дека тоа е само невин флерт, за на крај да станете очајна за моментите со него. Партнерот одеднаш ќе почнува да добива се повеќе маани, а решението ќе го гледате во човекот што ве смее во текот на работното време. Ќе си направите голема услуга, ако седнете и размислите колку навистина разговорите на Facebook не може да направат штета.



 
Unique-avgust
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Прифатете ги денешните предизвици со храбри нови идеи, знаете дека го имате она што е потребно и најмалку еден клучен играч сака да ве чуе. Говорете!  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Ова не е најдоброто време за да влегувате во нешто многу сериозно, особено ако вклучува документација и потписи. Одложете барем за еден ден и разговарајте за деталите.

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Вашиот интелект е во фокусот денес и ќе можете да се справите со сите тестови и предизвици на патот. Не срамете се, отворено кажете им на другите да ве слушаат.

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Обидете се да се релаксирате, дури и кога работите стануваат густи. Ќе откриете дека енергијата ви е подобро потрошена на смирени проекти, отколку на стресни ситуации.

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Треба да ја запишете денешната инспирација веднаш штом ќе ви дојде бидејќи сигурно ќе има некои пречки кои ќе следат. Искористете што имате при рака за да ги снимите вашите мисли.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Треба да бидете повнимателни денес, особено во односот со најблиските. Тие не се против вас, но може погрешно да ги разберете.

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Треба да се поврзете со многу луѓе денес, а со тоа и многу проблеми. Одличната социјална енергија ќе ве одржи на вистинскиот пат, а ќе ги насочи и останатите.

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Во искушение сте да направите нешто ризично, но треба да се справите со импулсот и наместо тоа реално да ги разгледате условите за живот. Потрошете ја енергијата на проекти кои не бараат многу внимание.

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Комплетно сте зафатени и концентрирани, па и подготвени за се што ќе ви дојде на патот. Навистина е добро време да истапите и да им кажете на луѓето дека сте тука за нив.

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Се чувствувате многу подобро во врска со проблемот кој ве мачи со недели или дури и подолго. Всушност, оваа нова јасност на мислите ќе се префрли и на другите ваши проблеми, па добро погледајте!

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Ја чувствувате жештината на еден или друг начин, но тоа е добро! Вашиот љубовен живот ќе биде навистина исполнет, а некој ќе гледа на вас со ширум отворени очи.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Поезијата ве мами денес, а метафорите во комуникацијата ќе ви бидат најдобрите алатки. Тоа може да значи дека некои не ве сфаќаат, но тоа е нивна загуба, не ваша.

04-02-2012
News image

Г-точка. Инструкции: се што треба да направите, е да клекнете со нозете и рацете на подот. Партнерот треба да клекне зад ... Повеќе

  • Ре:Prv Sostanok
    Vo red, ponina sredbata super, samo sega se nerviram sto za nekoj den si ide za IT, sigurno ke d...
    Од KiTTy20, во 4.2.2012 2:35
  • sto da pravam :/ sto ponatamu
    Pocnav da se dopisuvam so drugarce od osnovno i nekako pocna da mi se sviga.pominuvase vreme si...
    Од frose1, во 4.2.2012 2:09
  • ПОМОГНЕТЕ!
    Имав незаштитен однос неколку дена пред циклус и после 3 дена ми дојде нормален циклус и сега по...
    Од elena 20000, во 4.2.2012 0:53
  • ПОМОГНЕТЕ!
    Имав незаштитен однос неколку дена пред циклус и после 3 дена ми дојде нормален циклус и сега по...
    Од nikolija50, во 3.2.2012 23:42
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Снегот ме прави...