
Доколку расчистите со демоните од минатото, ќе можете вистински да уживате во обновената љубов.
Колку е добро да се вплеткате со истиот човек по втор пат? Што помислувате кога ќе чуете дека пријателката се смирила со бившиот за кој велеше дека не сака веќе никогаш да го погледне? Сигурно си велите дека целата работа е осудена на пропаст. Но, од друга страна, ако се сака се се може.
Раскинувањето е само една животна лекција. Многу подобро е да ја научите и да продолжите понатаму запаметувајќи ја поуката во глава. Но, често се случува минатото да тропне на вратата на сегашноста во моментот кога мислите дека е длабоко закопано под земја. И одеднаш чувствувате налет од старите емоции и силна желба повторно да бидете со него. Честитки за вашата храброст, но запомнете постојат 3 услови што морате да ги исполните доколку не сакате да доживеете реприза.
УСЛОВ БРОЈ 1: ПОЧНЕТЕ ОД ПОЧЕТОК, НЕ ПРОДОЛЖУВАЈТЕ ОД ТАМУ КАЈ ШТО ЗАСТАНАВТЕ!
Заборавете на тоа да му се фрлите во прегратка... Ако делувате спонтано, тогаш нема зошто да чекате за да спиете со него кога тоа беше ваша секојдневна рутина. Но, ако така гледате на работите, тогаш несомнено ќе почнете и да се карате за истите ситници, а работите што некогаш ви сметаа ќе останат непроменети. Иако се работи за истиот човек, обидете се врската да ја доживеете на нов начин. Ќе си олесните ако одите полека...не брзајте со донесување заклучоци за тоа дали ќе успеете или не. Пробајте да се отпуштите и да уживате онака како што се ужива на почетокот на секоја врска.
УСЛОВ БРОЈ 2: ОБИДЕТЕ СЕ ДА СИ ПРОСТИТЕ ЕДЕН НА ДРУГ!
Колку и да сакате да го ставите зад себе, минатото порано или подоцна ќе се провлече во вашата, сега нова и освежена врска. Но, тоа не треба да ве плаши...разговорот за грешките може многу да ја зацврсти вашата обновена врска, се додека настапувате зрело. Ако на самиот старт го бомбардирате со обвинувања, тогаш само ги отворате старите рани. Направете конструктивен разговор и обидете се да најдете решение за тоа како ќе функционирате и покрај разликите. Велат дека колку пријателска била разделбата, толку се поголеми шансите за успех по втор пат. И навистина е така, многу потешко ќе ви оди ако треба да бидете со него и покрај тоа што во минатото ве изневеруваше. Затоа расчистете со старите демони и обидете се да јадете прошка за себе и за вашиот сакан, тогаш вистински ќе можете да ја грабнете старата љубов, во ново пакување.
УСЛОВ БРОЈ 3: ШОКИРАЈТЕ ЈА ВРСКАТА СО ОСВЕЖИТЕЛНИ УДАРИ!
Време е да ги убиете црвчињата што ја јадеа вашата врска. Во ред е да очекувате тој да се промени, но за почеток морате да тргнете од себе. Сигурно се прашувате како ќе го изведете тоа? Многу е едноставно, ако претходно се плашевте да го пуштите сам во град, сега покажете му ја новата вие - цврста и самоуверена девојка што нема проблем со класични предрасуди. Во оној момент кога ќе успеете да му докажете дека можете да живеете и без него, дека забавата продолжува и после неговото заминување...тогаш ќе почне да ве сваќа сериозно. Ова ќе биде одлична мотивација за тој да посака да го стигне вашето ниво на зрелост.
(13)
КОМЕНТАР
Слични текстови
- 15/03/2010 - Емоционално неверство
- 10/03/2010 - Значењето на неговиот бакнеж
- 05/03/2010 - 4 трикови за поцврста врска
- 01/03/2010 - Различни облици на љубовта
- 27/02/2010 - 8 ЗОШТО да молчите дека го изневеривте!
- 24/02/2010 - Како да го натерате да зборува?
- 20/02/2010 - Ах, Ромео...зошто те нема?
- 17/02/2010 - 5 пеколни фази по раскинувањето
- 03/02/2010 - Ефектот на пеперутките
- 27/01/2010 - Кои се причините за неверство?














