
Жените кои се во врска со женет маж мислат дека го избрале најдоброто, но всушност не е така.
Размислувате да почнете врска со женет човек? Ако се најдете во искушение да пробате ваква врска, тогаш прочитајте ги следните 6 вистини пред да потпаднете на искушението!
ТОЈ НЕМА ДА СЕ ОБВРЗЕ НА ИДНИНА СО ВАС
Мажот кој е несреќен и незадоволен во својот брак, може да биде воодушевен од начинот на кој вие го исполнувате. Тој дури може и да ви каже дека никогаш порано не се чувствувал толку убаво, како додека е со вас. Ова можеби звучи како тој да ви се обврзува и да размислува за вашата заедничка иднина, но не е баш така. Да, нему му се допаѓа начинот на кој вие правите да се чувствува сакан, но тоа не значи дека има посебни чувства за вас. Ниту пак дека е подготвен да остави се зад себе!
ТОЈ НИКОГАШ НЕМА ДА ВЕ ПОЧИТУВА
Фактот што ја изневерува својата жена, ви говори како се справува со секоја ситуација што не му се допаѓа. Што ќе се случи кога ќе наидете на проблем... и вас ќе ве изневери? Мажите што изневеруваат немаат почит кон самите себе, имаат слаб карактер и се егоисти. Задоволувањето на телесните потреби секогаш ќе има предност во однос на вашите емоции. Не залажувајте се дека вие сте вистинската, ако тој имаше доза почит за вашата личност од старт немаше да ве вовлекува во љубовна афера.
ТОЈ ЌЕ ВЕ КРИЕ ОД ОЧИТЕ НА ЈАВНОСТА
Постојано да се криете од јавноста е навистина исцрпувачки. Со тоа што ја чувате вашата врска во тајност, ВИЕ ги пропуштате најубавите фази на врската. Прошетка додека се држите за рака, спонтан бакнеж на улица, романтичните средби на летните тераси...ова се моменти што ќе ви донесат убави чувства. Не дозволувајте да ги пропуштите!
ВРЕМЕТО Е БЕСЦЕНЕТО, НЕ ТРОШЕТЕ ГО ЗАЛУДНО!!!
Сте забележале колку само брзо поминуваат годините? Врските со женет маж можат да траат долг период и пред да се освестите, вие сте останале сами и со мали шанси да запознаете некого. Крајот на аферата е почеток на женското каење. Наместо да инвестирате во врска која од почеток ветува нешто, вие сте го потрошиле времето на некој кој не заслужува. Не дозволувајте аферата да стави дамка на вашиот живот!
ТОЈ ДОБИВА СЕ, А ВИЕ САМО ТРОШКИ
Жените кои се во врска со женет маж мислат дека го избрале најдоброто, но всушност не е така. Тие добиваат најмалку. Тој веќе има легитимен брак која му помага во неговиот јавен живот и има нелегитимна врска со вас за да го надомести тоа што му недостига во бракот. Морате да разберете, тој многу лесно може да ве замени вас, но не и неговата жена. Затоа не надевајте се дека имате иднина со него!
ЌЕ СТАНЕТЕ РАСТУРАЧ НА ДОМОВИ
Ви се допаѓа или не, вие сте самоволен учесник во целата ситуација. Вие на некој начин допринесувате во тоа мажот да ги прекрши брачните завети и да ја изневери довербата на жената. Да не спомнуваме што би значело ова за децата (доколку ги има). Тие би го изгубиле својот модел за однесување - морален и грижлив татко.
ЦЕЛАТА ВИНА ЌЕ ПАДНЕ НА ВАС
Многу мажи (и жени) имаат тешкотии да ги прифатат одговорностите за нивните непромислени чекори. Човечката природа е таква што е полесно да се обвини некого, отколку да се прифати срамот. Ако тој е фатен во тесно, не изненадувајте се ако целата вина ја префрли на вас. Вие ќе бидете кучката што го заведе во своја постела и му го растури бракот, а тој е само МАЖ кој паднал во замката.



















































