
Запомнете довербата се гради чекор по чекор, а само еден миг е потребен да исчезне за секогаш!
Довербата е една од најважните работи за успешна врска. Без неа, вие и вашиот партнер нема да можете да се приврзете безрезервно, а тоа ќе ве спречи во постигнување на вистинска интимност. Откако довербата ќе се изгуби, тешко е да се поврати назад. Но, сепак ако вие и вашиот партнер сте посветени еден на друг и на вашата врска, тогаш можете да се потрудите да ја вратите. Со време, трпеливост и љубов можете да научите како да имате верба еден во друг.
ПРВ ЧЕКОР
Одлучете заедно дали сакате да ја зачувате вашата врска. Какви и да се вашите проблеми, за да ги решите ќе треба да бидете посветени и искрени. Бидете сигурни дека и двајцата го сакате тоа. Не можете да очекувате да бидете успешни ако само едната страна се труди да ги реши проблемите. Може ќе треба да направите големи жртви и целосно да ги затворите минатите конфликти. Ако не сте подготвени на овој чекор, тогаш е подобро да бидете отворени отколку да губите време.
ВТОР ЧЕКОР
Бидете искрени. Секогаш бидете чесни спрема вашиот партнер - некогаш искреноста може да боли, но криењето прави работите да станат уште полоши. Не кажувајте му го на партнерот само тоа што мислите дека тој сака да го слушне. Лагите можат само да ја уништат врската исто како и предавството. Кога се правите нешто што не сте, вие понудувате лажна верзија на себеси. Почитувајте го партнерот и бидете искрени спрема него. Така ќе имате поголеми шанси да ги решите недоразбирањата.
ТРЕТ ЧЕКОР
Исполнувајте ги обврските. Ова е особено важно доколку сте имале проблеми со довербата во минатото. Морате да направите многу за да му покажете на партнерот дека не постои причина за недоверба. Почнете со одржување на секој ваш збор. Една од најмоќните работи е да ги исполнувате ветувањата. Запомнете довербата се гради чекор по чекор. Исполнувајте ги и најмалите обврски што сте му ги ветиле на партнерот.
ЧЕТВРТ ЧЕКОР
Откажете се од поплаките. Ако вие сте таа која била изневерена, нормално е да сакате да ги заштитите вашите чувства. Но, ако сакате повторно да ја повратите довербата морате да ја оставите болката и да простите. Ова не мора да се случи одеднаш, но ако ја држите болката нема да можете да ја поправите вашата врска. Ако му простите на партнерот не значи дека сте му потврдиле дека минатите кавги се во ред, туку само дека сте подготвени да поминете преку тоа.
.gif)






















.gif)
























