so_dvajca_vo_krevet_2Дали повеќе партнери значи подобра во кревет?
Што носи повеќе: подолга врска со помалку партнери или повеќе кратки авантури?
seksnadvorДали сте добра во кревет?
Откријте дали тој не може да се засити од вас.
dama3Љубовни заповеди на вистинските дами
„Во темните ноќи само едно ме прогонува дека можевме да не се сретнеме“.
kiaИдеална романтична вечера
Подгответе романтична вечера и оставете инстиктите да ве водат длабоко во ноќта!

Се забавував со твојот другар!

mu_sepka_nesto

„Признавањето дека сум била со негов другар не е за да ми ги прости гревовите, туку за да нема тајни меѓу нас.“

„Имав момче 3 години. Бевме неразделни. Едно лето, кога се вративме од одмор, се скаравме толку многу што раскинавме. И двајцата сме тврдоглави и никој не попушти. Претпоставувам, се надевавме дека другиот ќе се јави прв. Бев толку горда и не попуштав. Поминаа неколку месеци и едноставно се откажав зошто мислев дека престанал да ме сака. После една година и 5 месеци се смиривме. Поубаво ни е од било кога. Но, постојано ме мачи тоа што додека не бевме заедно, јас се гледав со неговиот најдобар другар. Сакам да му кажам за тоа зошто не сакам да кријам работи од него, но се плашам да не го повредам и изгубам засекогаш."

Прилично комплексна тема. Но, секој различно размислува на оваа тема и различно би постапил. Ова се мислењата на момчињата и девојките конкретно за оваа ситуација.

МОМЧИЊА

Мнозинството момчиња велат дека доколку се најдат во ваква ситуација, би се чувствувале многу подобро ако девојките премолчат. Секако, само ако девојките нема да го направат истото и ако се сигурни дека другарот нема да им каже.

„И двајцата сте правеле грешки додека не сте биле заедно. Токму тие ви ги споиле повторно патиштата. Признанието дека сте биле со неговиот другар само може да ви ја уништи врската и никогаш повеќе да не ви верува. На пример, јас да знам дека мојот пријател ја видел девојка ми гола може многу лошо да влијае на мојата психа. Тоа не е случај само со мене, туку со сите машки." - Горан, 24.

„Признавањето на ваква работа се случува само за да се чувствува девојката подобро. Да нема повеќе грижа на совест. Со тоа нема да се подобрат работите. Само повеќе ќе ме повреди и целата работа ќе дојде до раскинување." - Андреј, 23.

„Каков е тој „пријател" што спие со поранешната девојка на неговиот најверен другар? Каков дибек! Мислам дека девојката треба да ги разјасни тие работи со другарот, да се договорат никогаш да не кажат ништо за тоа. Не би сакал после извесно време љубоморниот пријател да сака да ми ја расипе врската. Тоа што не го знам нема да ме убие." - Тодор, 29.

ДЕВОЈКИ

Девојките велат дека штом раскинеш со некое момче, добра одмазда се неговите другари, но ова не секогаш е точно. Штом сте решиле повторно да бидете заедно, значи дека сте размислиле што сакате еден од друг и сте сфатиле дека сакате да продолжите. Затоа треба да признаете што сте направиле. Признанието ќе биде тешко, но е само почеток кој води до убави работи. Треба да се надминат лошите работи во врската за да следат убавите.

„Искрено, ако сме биле разделени година и пол, тоа не е негова работа што сум правела и со кој. Но, признавањето дека сум била со негов другар не е за да ми ги прости гревовите, туку за да нема тајни меѓу нас. Ваквите работи секогаш излегуваат на виделина. Мислам дека повеќе ќе биде повреден ако дознае од трета личност отколку од мене. Би била искрена до крај со него, макар тоа да значи дека ќе го загубам. Барем толку заслужил." - Ирена, 27.

„Не сакам секогаш да бидам вознемирена кога ќе ми каже „Може да поразговараме?". или пак кога ќе биде излезен со друштвото, во кое е и дотичниот, да се грижам да не се опијат и да му признае. Ќе му кажам и ќе најдеме заедничко решение." - Елена, 25. „Јас би му кажала на другарот што планирам да направам и ќе му кажам на моето момче се што се случило. Нормално нема да навлегувам во детали. Ќе пробам да му објаснам дека сум направила работи со кои не се гордеам, но дека го почитувам и дека ќе направам се за да бидам со него. Нема да се вадам со клишето „Ама бевме на пауза!" Можам само да се надевам дека по првичниот шок ќе сфати дека станува збор за искреност и почит кон него." - Ана, 28.

Што би направиле вие во ваква ситуација? Би му признале ли на вашето момче дека сте биле со неговиот најдобар другар?



 
Unique-avgust
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Брзањето нема да ве одведе никаде денес, ако сте среќни! Ако не сте може да завршите многу поназад отколку вчера, а тоа не можете да си го доволите.

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Вашиот живот цвета како рана пролет и ќе се пронајдете себе си разговарајќи со странец во некоја интересна насока. Проверете дали луѓето се подготвени да стојат до вас!

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Имате навистина тешка листа со задачи која ви стои пред лице. Добрата вест е што ја имате потребната ментална енергија за го средите тоа. Пронајдете нов начин да ги следите работите.

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес силно посветете се на малите детали. Нешто не е сосема во ред, но ако вистински обрнете внимание ќе сфатите што се случува.

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Добро време е да се посветите на себе и да ја смирите социјалната енергија. Размислете одново за вашите планови и за минатото. Затворете ја вратата и најдете некое тивко место.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес ќе достигнете сериозно кул достигнување, можеби нема ни да сфатите дека целите натаму. Истапете и направете вистинска разлика во вашиот живот.

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Ваш пријател се обидува да ве натера да ги гледате работите малку поинаку, a вашиот ум е доволно отворен да ја прифати неговата понуда. Тоа не значи дека треба целосно да се премислите!

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Обидете се поново да ја воспоставите изгубената врска, без разлика дали е професионална, пријателска или љубовна. Верувајте повторно ќе ви бидат потребни луѓето на кои некогаш целосно се потпиравте.

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Побарајте било што денес, на крај ќе излезе по ваше. Некое време ќе мора да чекорите без тоа што го сакате, но на крајот ќе го извлечете максимумот од ситуацијата.

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Дистанцата не е пречка за вашиот комуникациски стил денес, можете практично да читате умови и покрај километрите раздалеченост. Истражете ги опциите и посегнете по оние кои треба да ви ја чујат пораката.

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Не сте сосема сигурни што се случува со вашите луѓе, сите како да глумат и да ве лажат во очи. Добрата вест е што фазава нема да трае долго и работите ќе се вратат во нормала.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашата најблиска врска ви го прави животот забавен денес и тоа значи дека дефинитивно сте на вистинското место да побарате услуги или помош. Време е за социјализирање!

10-02-2012
News image

Мисионерска во вис. Инструкции: започнете со стандардната мисонерска поза, тој врз вас. Во текот на сексот предложете му да се крене ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)