najuspesnaСамо небото е граница: Станете најуспешната!
Родени сме да бидеме најдобри што можеме и да го искористиме максимумот од животот.
sakameАпел до мажите: Не сме комплицирани, сакаме...
Импресионирани сме кога не прашувате за совет и обожаваме да се држиме за рака.
public_sexСекс надвор од спалната
Вистинско време е да пробате секс на некое јавно место!
srtiptiz_33Станете професионална стриптизерка во спалната...
Ако редовно нé следевте, тогаш сте подготвени за својот несекојдневен настап.

Дали врската ми е пред крај?

mazizenasogrb

Добрата комуникација ја одржува врската успешна.

Ако се препознаете во некои знаци подолу тогаш постои причина да паничите. Секој може да има лоша недела, но ако ова трае подолг период, тогаш дефинитивно нешто не е во ред со вашата врска. Време е да се прашате што не чини!

Ако мобилниот престане да ви ѕвони

Сигурно се уште ги паметите првите денови и недели од врската кога си пишувавте пораки и не можевте да прекинете со јавувањата - само за да си го слушнете гласот. Сосема е нормално врската да се смени со времето но ако на партнерот не му пречи тоа што не сте се виделе неколку денови време е да реагирате. Прашајте го што му се случува...дали имате иднина заедно. Можеби тој ве одбегнува затоа што не сака да разговара со вас за крајот на врската. Не секој е способен на културен начин да стави крај.

Ако не постои контакт

Ако партнерот ви посветува се помалку и помалку внимание тоа е затоа што други работи му станале поважни од вас. Па затоа одвојува се помалку време за вас. Да, секој може да биде зафатен со обврски, но тоа не е оправдување да не одвојува барем малку време за личноста која ја сака.

Ако нема јавни изливи на емоции

Имате право да се сомневате ако тој не ги покажува чувствата во јавност. Ако не добиете ниту еден бакнеж или допир, време е да размислите за вашата врска. Ако држењето за раце е работа од минатото тогаш веројатно е и вашата врска.

Ако почне да крие некои работи

Ако влезете во собата на партнерот и тој веднаш го исклучува интернетот, ако не одговара на телефонските повици додека е со вас, ако дознаете дека тој излегол, а не ви кажал тогаш нешто не е во ред. Ако имате чувство дека тој крие нешто од вас, веројатно сте во право и крајот на врската може да се случи секој момент.

Ако вашите заеднички пријатели почнат да се однесуваат чудно

Ако забележите дека заедничките пријатели се резервирани кон вас тогаш нешто чудно се случува. Можеби причината за тоа е фактот дека тие знаат нешто што вие не. Тие се наоѓаат во незавидна ситуации и поради тоа не знаат како да се однесуваат кон вас.

Ако се карате многу често

Во секоја врска има мали несогласувања, но ако вие постојано имате жестоки кавги верувајте дека наскоро врската ќе ви заврши. Време е да разговарате на мирен начин за да успеете да дознаете што се случува меѓу вас.

Ако повеќе ништо не е доволно добро

Не можете да го задоволите партнерот колку и да се трудите. Комплиментите веќе припаѓаат на минатото, само незадоволството останало. Ова е добар знак дека повеќе не функционирате добро и дека можеби повеќе нема чувства меѓу вас.

Ако неговиот изглед почне да се менува

Кога луѓето сакаат да го сменат начинот на живот ја прават најлесната работа - го менуваат надворешниот изглед. Нова фризура, облека и претерана нега на телото укажува дека тој веројатно сака да задоволи некоја друга.

Ако немате што повеќе да си кажете

Ако тој го загуби интересот за вас и не е подготвен да ве слуша, треба да се загрижите. Уште позагрижувачки е ако тој престане и за неговите активности да ви кажува. Ако забележите дека тој не ги споделува неговите авантури со вас и тишината е се поприсутна во врската, тогаш имате добра причина да се запрашате за иднината на врската.

Ако немате планови за иднина

Ако вашите заеднички планови одеднаш почнат да се променуваат, тогаш веројатно тој си прави сопствени во кои вие не сте вклучени. Ако вашата иднина стане табу тема тогаш е време да направите сериозен муабет со него.

Може се уште да има надеж ако се соочите со ваквите проблеми брзо. Но како и да е, безнадежно е да се задржувате за врска која одамна е завршена. Треба да направите сериозен муабет со него и да го најдете најдоброто решение за двајцата. Веројатно сте свесни дека само љубовта не е доволна за опстанокот на една врска.



 
Unique-avgust
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Брзањето нема да ве одведе никаде денес, ако сте среќни! Ако не сте може да завршите многу поназад отколку вчера, а тоа не можете да си го доволите.

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Вашиот живот цвета како рана пролет и ќе се пронајдете себе си разговарајќи со странец во некоја интересна насока. Проверете дали луѓето се подготвени да стојат до вас!

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Имате навистина тешка листа со задачи која ви стои пред лице. Добрата вест е што ја имате потребната ментална енергија за го средите тоа. Пронајдете нов начин да ги следите работите.

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес силно посветете се на малите детали. Нешто не е сосема во ред, но ако вистински обрнете внимание ќе сфатите што се случува.

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Добро време е да се посветите на себе и да ја смирите социјалната енергија. Размислете одново за вашите планови и за минатото. Затворете ја вратата и најдете некое тивко место.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес ќе достигнете сериозно кул достигнување, можеби нема ни да сфатите дека целите натаму. Истапете и направете вистинска разлика во вашиот живот.

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Ваш пријател се обидува да ве натера да ги гледате работите малку поинаку, a вашиот ум е доволно отворен да ја прифати неговата понуда. Тоа не значи дека треба целосно да се премислите!

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Обидете се поново да ја воспоставите изгубената врска, без разлика дали е професионална, пријателска или љубовна. Верувајте повторно ќе ви бидат потребни луѓето на кои некогаш целосно се потпиравте.

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Побарајте било што денес, на крај ќе излезе по ваше. Некое време ќе мора да чекорите без тоа што го сакате, но на крајот ќе го извлечете максимумот од ситуацијата.

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Дистанцата не е пречка за вашиот комуникациски стил денес, можете практично да читате умови и покрај километрите раздалеченост. Истражете ги опциите и посегнете по оние кои треба да ви ја чујат пораката.

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Не сте сосема сигурни што се случува со вашите луѓе, сите како да глумат и да ве лажат во очи. Добрата вест е што фазава нема да трае долго и работите ќе се вратат во нормала.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашата најблиска врска ви го прави животот забавен денес и тоа значи дека дефинитивно сте на вистинското место да побарате услуги или помош. Време е за социјализирање!

10-02-2012
News image

Лулашка. Инструкции: партнерот нека легне на грб со нозете малку раширени, а главата под перница. Седнете врз него како кога седнувате ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)