
Kажете му што ве мачи и пробајте да го решите несогласувањето на мирен начин.
Најпрво видете дали реално постои проблем или се работи само за мало несогласување. Ако сето тоа не влијае на вашето здравје, безбедност, брак и слично, едноставно сето тоа значи дека сте две различни личности. Можеби вие сте екстравертни и сакате да се забавувате постојано, додека тој сака да поминува тивки вечери во неговиот дом. Во тој случај, единственото решение е прифаќање, а не бидување да се промени другиот. Можеби следниве совети ќе ви помогнат како да ги избегнете караниците.
ИЗБЕРЕТЕ ГО ВИСТИНСКОТО ВРЕМЕ
Решавањето на проблемите најмалку функционира кога сте уморни, гладни, преоптоварени, или се обидувате да направите нешто друго во исто време како на пример вечера, да ја доработите работата или релаксирање пред телевизорот. Зачувајте ги големите разговори за друг пат.
ПРАКТИКУВАЈТЕ ПРИФАЌАЊЕ
Учењето на уметноста на прифаќање и ценење на вашиот партнер за тоа каков всушност е, наместо да барате недостатоци во него, може да ви помогне на двајцата подобро да ги решавате проблемите.
ИЗБЕГНУВАЈТЕ НАВРЕДИ
Избегнувајте ги смртоносни навики: лични критики, потсмев, презир...
НЕ НОСЕТЕ БРЗИ ЗАКЛУЧОЦИ
Следниот пат кога ќе се чувствувате разочарана, повредена, лута на вашиот партнер земете пауза пред да избрзате со заклучоци. Можеби тој е уморен, гладен, или преокупиран или не го гледа влијанието на неговите дела врз вас. Нека ви даде објаснување за да може да го разберете.
УЧЕТЕ ОД ТУЃИТЕ ГРЕШКИ
Учете од вашите родители. Не започнувајте со дерење веднаш. Едноставно најсмирено кажете му што ве мачи и пробајте да го решите несогласувањето на мирен начин без додатно напнување.
ИСКОРИСТЕТЕ ГИ МАЛИТЕ МОЖНОСТИ
Решавајте ги проблемите додека не станале поголеми. Уште кога ќе се појават направете го тоа со смирен тон. Тоа ќе и даде сосема друг тек на врската. Ќе си покажете дека се грижите без да се нервирате и повредувате чувствата.
БИДЕТЕ ТРПЕЛИВИ СО СЕБЕ
Многу е тешко да се контролирате кога станува збор караница. Затоа дајте си време. Бидете трпелива со себе, но замолете го и партнерот за истото. Со време ќе научите како да се контролирате.
ЗАЛАГАЈТЕ СЕ ИСТО
Имајте време да си кажете се што мислите. Ако сакате да доминирате, оставете го да зборува и повеќе слушајте. Натерајте го да се отвори и да ви каже негов начин за решавање на проблемот. Ако мислите дека вршите притисок, оставете го да се олади. По некое време сам ќе ви се обрати.
.gif)






















.gif)
























