
Фактот што тој ги слуша досадните приказни на вашите колеги покажува дека навистина е вљубен во вас.
За да бидете целосно сигурни во неговата љубов кон вас не ви требаат само зборови. Секој може да ги изговори тие зборови, но оној што не ве сака искрено нема да биде способен тоа и да го докаже. Затоа обрнете внимание на сигналите што тој ви ги пушта. Неговите постапки нема да ве излажат и ќе ви ја откријат вистината за неговата љубов кон вас. Прочитајте ги следните знаци и дознајте дали тој е вљубен во вас.
ВЕ САКА АКО ГИ ПАМЕТИ МАЛИТЕ НЕШТА
Ако вашиот партнер има тешкотии во изразување на неговите чувства, тогаш тој сигурно тоа ви го покажува на некој друг, невербален начин. Еден од знаците дека навистина ве сака е фактот дека ги памети сите мали нешта кои и самите вие сте ги заборавиле. Како на пример, вашата омилена боја или филм, речениците кои сте му и кажале на првиот состанок, што сакате да добиете за роденденот и работите што сте му ги кажале за вашето детство.
ВЕ САКА АКО ПОКАЖУВА ИНТЕРЕС КОН ЛУЃЕТО ШТО НА ВАС ВИ СЕ ДРАГИ
Фактот што тој ги слуша досадните приказни на вашите колеги покажува дека навистина е вљубен во вас. Тој со самото тоа што прави напор за да најде заедничка тема со нив зборува за неговите чувства кон вас. Секогаш ве придружува на роденденски забави кај луѓето што на вас ви значат. Ако тој не е заинтересиран за формирање на сериозна врска тогаш тој сигурно немаше да земе учество во вакви работи и по секоја цена ќе се обидуваше да ги одбегне.
ВЕ САКА АКО ВИ ОРГАНИЗИРА СПОНТАНИ ИЗНЕНАДУВАЊА
Вашиот партнер може и преку изненадувањата да покаже дека му значите. Како на пример, малите подароци и внимание без некоја специјална причина. Исто така и спонтаните пораки, кои ви го разубавуваат денот, ви даваат до знаење дека тој мисли на вас. Малите детали како масажа и топла купка по напорниот ден исто така покажуваат дека тој се грижи за вас.
ВЕ САКА АКО СЕКОГАШ КОГА ВИ ТРЕБА ТОЈ ВИ СЕ НАОЃА
Кога тој е подготвен да ги тргне настрана неговите работи за момент и да се концентрира на вас кога тој ви треба, тогаш тоа е голем знак дека ве почитува и ве поддржува.
ВЕ САКА АКО Е ПОДГОТВЕН НА КОМПРОМИС
Ова е исто така голем знак дека вие сте му многу важна. Искрениот разговор за вашите желби е секогаш добредојден и ако партнерот ги уважува вашите желби тогаш тој е повеќе и од подготвен за здрава врска.
ВЕ САКА АКО СЕКОГАШ МОЖЕТЕ ДА СЕ ПОТПРЕТЕ НА НЕГО
Ако сметате дека можете да се потпрете на него за што и да се случи тогаш навистина тој ве сака. Љубовта најдобро се покажува на овој начин, преку безусловна поддршка, небитно за што и да се работи. Ако тој ви ја дава таа поддршка тогаш прифатете го фактот тој се би направил само за да ве направи среќна.



















































