
Ако фантазирате за некој кој не е со вас, не значи дека ако утре се појави таа личност дека ќе одите со него и ќе го напуштите сегашниот партнер.
Честопати мислиме дека ако нешто не е како што сакаме, тогаш сигурно нешто чудно се случува со врската. Не! Многу често тоа се само непотребни мисли кои можат само навистина да ја уништат врската.
Дали знаевте дека во врска сосема е нормално...
- Да молчите.
Тишината не е секогаш знак за криза во врската. Таа е нормална појава. Понекогаш и тишината може да ви каже многу работи. Зошто додека ве милува, а владее тишина не мислите дека нешто не е во ред со врската?
- Да сакате да сте сами.
Просторот е сосема нормална потреба кога сте во врска долго време. Секој сака да има време да се види со пријателите и пријателки, со роднините, да има малку време само за себе и никој друг.
- Да мислите на утрешните обврски за време на секс.
Сосема е нормално да мислите на она што ве очекува утре. Дали го заклучивте автомобилот, што ќе облечете за на работа... Тоа не значи дека не ве сака или дека вие не го сакате, но едноставно дека имате толку многу работи на ум.
- Да фантазирате за тој што „го испуштивте од раце".
Ако фантазирате за некој кој не е со вас, не значи дека ако утре се појави таа личност дека ќе одите со него и ќе го напуштите сегашниот партнер. Сите имаат некој поради кој би сакале да го вратат времето, но не можат.
- Да сакате да избегате од се.
Животот понекогаш е здодевен и напорен. Нема ништо чудно во тоа да посакате да исчезнете на кратко и да се одморите од се и секој.
- Да ве нервираат некои навики на партнерот.
Работи од типот на: не го спуштил капакот од шолјата, ги расфрла чорапите насекаде или заборава да ви се јави... се едноставно неподносливи навики кои никогаш нема да се искоренат. Верувајте, не сте единствени. Но, секако тоа не значи дека не ве сака.
- Да не сакате некој од неговите пријатели.
Речиси секогаш ќе постои некоја личност во неговиот живот што ќе посакате да ја оттргнете од него. Нема да успеете да го сторите тоа се додека и тој не го посака истото.
- Да не се грижите за себе.
По сите форуми, телевизии, списанија се зборува дека треба да ја одржувате линијата, дека треба ова да го правите, она, вака, така... Но, понекогаш едноставно ве мрзи да правите тоа и сосема е во ред.
- Да лажете.
Сте слушнале ли за врска во која партнерите се 100% искрени еден со друг? Секако дека не. Можеби не кажувате големи лаги, но оние мали секако дека да. Дали сте излажале зошто не сте се јавиле или зошто не ви се излегува се сепак лаги.
.gif)






















.gif)
























