
Забавниот флерт служи само за подигнување на самодовербата, доколку сте во кризни моменти.
За некои флертот е обична забава, додека за други, тоа е сериозна работа. Но, флертот во секој случај е многу повеќе од обична забава.
Успехот во љубовта најмногу зависи од разбирањето на поимот флерт.
Според врвни истражувачи, постојат неколку стила на флерт. Откријте во кој се наоѓате вие и што треба да направите доколку не сакате да се откриете.
Мажот прави потег
Уште од старите времиња е познато дека машкото го прави првиот чекор. Жените секако имаат пасивна улога. Луѓето кои применуваат ваков флерт ги преферираат интимните средби.
Доколку сакате да имате ваков флерт, обидете се да останете воздржана за се. Само така ќе го добиете она што го сакате.
Сексуален флерт
Физичкиот флерт ги покажува сексуалните намери кон некоја одредена личност. Луѓето често многу брзо влегуваат во врски, развиваат сексуална хемија уште пред запознавањето и знаат да бидат многу поврзани со партнерите.
Доколку сакате да успеете во целта со ваквиот флерт, тогаш продолжете да зрачите со сексуална енергија. Доколку имате сексуални намери кон некоја личност, а не сакате да дознае за тоа, внимавајте како се однесувате пред него.
Искреност
Искреното покажување на чувствата од страна на двајцата е од огромно значење доколку во некој гледате потенцијален партнер. Тие применуваат добро однесување и почит за да го придобијат срцето на другиот.
Доколку во некоја личност гледате потенцијален партнер, не се срамете да го употребите овој флерт, затоа што само така може да му покажете што навистина сакате.
Се за забава
Забавниот флерт служи само за подигнување на самодовербата, доколку сте во кризни моменти. Врските на луѓето кои практикуваат ваков флерт не траат долго и немаат многу емоции.
Доколку сакате да се средите и да имате стабилна и сериозна врска, избегнувајте го овој флерт.
.gif)






















.gif)
























