
Сакате ли сите да ви завидуваат што сте вистински среќни со човекот кој навистина ви припаѓа вам?
Постојат два вида на среќни двојки. Оние кои се преправаат дека се среќни само за да не се посомневаат другите во нивната среќа и оние кои се вистински среќни и задоволни еден со друг.
Сакате ли и вие после 20 години да бидете со истиот партнер? Да остарите покрај него? Да дочекате правнуци со него? Како да ја одржите љубовта со него?
Сакате ли сите да ви завидуваат што сте вистински среќни со човекот кој навистина ви припаѓа вам?
Како да се издржи во врска а притоа да бидеме среќни?
Почит
Понекогаш луѓето повеќе ги почитуваат оние што не ги познаваат, отколку тие што им значат се во животот. Ако доцните, јавете се. Ако треба да излезете, кажете навреме. Љубезноста му е потребна на вашиот партнер, исто како што ви е потребна вам.
Простор
Здравата врска не подразбира да бидете со партнерот 24 часа. Сите среќни двојки си даваат простор себеси и на партнерот, за емотивно и духовно прочистување.
Факт е дека тој повеќе ќе ве цени ако му оставите простор да му недостигате, отколку да му се појавите со куферот пред врата.
Нежност
Среќните двојки немаат само секс - тие знаат и да се милуваат, да се држат за рака, често да се прегрнуваат и да се бакнуваат. Погалете го по косата и покажете му дека се грижите за него.
Љубов
Како што луѓето растат и се менуваат, така и љубовта се менува со текот на времето. Првата фаза се пеперутки во стомакот која што веќе сите сме ја искусиле.
По завршувањето на оваа фаза, мислиме дека толку е од врската, но не е така. Таа едноставно преминува на следното ниво.
Нема секогаш да бидете подеднакво возбудени поради неговото присуство, некогаш дури нема да сакате ни да го погледнете. Чувствата се менуваат во зависност од околностите, па затоа внимавајте да не се откажете премногу рано.
Кавги
Дозволете му да каже што има без да го прекинувате, а за возврат ќе го добиете истото.
Поентата на расправијата не е да се изнавикате и да заминете лути, туку да дојдете до решение, односно да постигнете компромис.
Изнесете ги своите ставови и разговарајте за тоа што треба да се направи за да бидете задоволни и двајцата.
.gif)






















.gif)
























