
Во некои ситуации е добро да се избегнат караниците, но во некои е сосема здраво да истерате една добра караница со партнерот.
Досега сме читале не го правете ова, не го правете она, тоа е лошо за вашата врска, ова е лошо за вашата врска...
Секако дека постојат многу работи кои се и добри и лоши за вашата врска, но едноставно не може да се контролирате постојано за да не направите нешто што може да биде лошо за вашата врска.
Верувајте дека некои лоши навики кои ги имате сепак имаат позитивно влијание врз вашата врска.
Кои се тие?
Бидете себична
Во секоја врска е потребен компромисот. Во некои случаи е секогаш пола - пола, но понекогаш и не мора да биде, нели?
Доколку бидете во некои случаи себична, ќе бидете задоволна со себе, со партнерот, животот и се она што ве опкружува. Треба да знаете дека не ви е потребен партнерот за да ви ги исполни желбите. Треба да го сторите тоа сами.
Карајте се со партнерот
Во некои ситуации е добро да се избегнат караниците, но во некои е сосема здраво да истерате една добра караница со партнерот.
Затоа е добро да се знае од каде потекнува некој проблем и секако да се дојде до некое заедничко решение. Некогаш е сосема здраво да го истурите целиот гнев еден на друг и по неколку дена да биде како ништо да не се случило.
Флертувајте со други
Некој би ви рекол дека и најмалиот флерт е неверство, но како може и невиниот флерт?
Невиниот флерт ќе ви ја зголеми самодовербата поради тоа што ќе дознаете дека сте им привлечна и на другите мажи, а не само на вашиот партнер.
Покрај тоа, доколку вашиот партнер види дека некое момче ви се додворува, верувајте дека ќе се свести што има покрај себе и ќе се потруди повеќе за да ве задржи.
.gif)






















.gif)
























