
Тензијата додека се карате намалете ја со тоа што ќе кажете нешто лесно и смешно за некоја ситуација што знаете дека и двајцата ќе ве насмее.
Дури и да не се карате толку често со партнерот, секогаш е добро да имате неколку трикови во ракавот за да можете да ја спречите караницата доколку забега во друг правец.
Затоа, како да ја спречите караницата кога ќе стане гадна?
Направете пауза
Тоа значи да направите пауза еден од друг. Правете работи кои ве интересираат, но не ги правете заедно.
Така, работите малку ќе стивнат и ќе може да направите разговор за проблемот без да се карате.
Кажете нешто смешно
Тензијата додека се карате намалете ја со тоа што ќе кажете нешто лесно и смешно за некоја ситуација што знаете дека и двајцата ќе ве насмее.
Така, тензијата ќе се намали, а разговорот може да продолжи на мирен начин.
Внимавајте на говорот на телото
Бидете свртени со рамената и колената кон партнерот. Така ќе му покажете дека сте загрижена за она за кое правите муабет, иако сте бесна и сакате да си одите од таму. Лошиот говор на тело може само да ја влоши ситуацијата.
Превртувањето очи, тапкањето во место и прекрстувањето раце може да му даде знак на партнерот дека едноставно не се грижите за работите кои се случуваат меѓу вас двајца и дека воопшто не ви е гајле за тоа што ќе се случи меѓу вас двајца.
Слушајте го
Не го напаѓајте веднаш и ислушајте го што има да ви каже. Покажете му дека знаете за што ви говори, но дека не се согласувате со неговото мислење. Искажете се и понудете можни решенија.
.gif)






















.gif)
























