
’Ангела слушај, мислам дека е подобро да прекинеме. Веќе не оди вака. Некако се мачиме.’
Раскинувањето секако не е убаво, но некои разделби можат да бидат многу лоши. Таквите искуства се дури тешки и да се споделат.
Неколку девојки решија да го сторат тоа со нас. Какво е ова искуство за нив?
„Со Андреј бевме заедно 3 месеци. Можеби не бевме предолго заедно, но постојано бевме заедно и секако многу блиски. При крајот на врската, пред да бидам свесна дека ќе заврши, требаше да се сели во нова куќа, но ни тој не беше сигурен за локацијата. Еден ден, престана да ми се јавува, го промени телефонскиот број, се пресели, престана да излегува на истите места... Како да пропадна во земја. По 2 месеци, го видов во еден нов клуб и од што му беше толку срам, веднаш си отиде." - Бранкица, 29.
„После 4 години врска, кој би рекол дека ќе ми раскине преку Skype? Моето поранешно момче постојано менуваше работни места и последната година го задржи работното место затоа што премногу го исполнуваше. Почна често да патува, а за да ја одржиме врската се слушавме често на Skype. Една вечер, седевме кај мене дома со пријателките и решивме да му ѕвониме за да го чуеме, зошто сепак и тие се негови пријателки. Тој ми крена и без да каже нешто ми рече 'Ангела слушај, мислам дека е подобро да прекинеме. Веќе не оди вака. Некако се мачиме.' Не ми се веруваше дека ме откачи пред сите мои пријателки." - Ангела, 34.
„Се решив да одам еден семестар во странство. Тоа беше добро за моите студии, а со момчето одлучивме дека ќе останеме заедно. Постојано си праќавме пораки, подароци, се слушавме... Таквата разделба беше тешка, но уште потешко беше раскинувањето. Пред да се вратам не се ни скаравме. Затоа не ни мислев дека кога ќе дојдам нема да бидеме повеќе заедно. Само што пристигнав од аеродром, влегов во такси и отидов до кај него. Ми отвори неговиот цимер и ми даде кутија со сите мои работи." - Анастасија, 23.
„Нема ништо подобро од моето раскинување. Бевме заедно неколку месеци и врската стануваше се посериозна. Премногу беше близок со мајка му и инсистираше да одиме или на ручек или на вечера кај неа дома барем 2 пати неделно. На почетокот немав проблем, но потоа ми стануваше некако непријатно. Една вечер, додека вечеравме, таа ме фати за рака и ми рече дека сме требале сериозно да разговараме. Јас станав нервозна и се обидов да дознам нешто од моето момче, но тој не ме погледнуваше во очи. Таа ми рече дека не одело помеѓу мене и моето момче и дека најдобро би било да си одам од неговиот живот. Се обидов да зборувам со него насамо, но не сакаше. Не ми се веруваше дека ми раскина неговата мајка!" - Александра, 30.
.gif)






















.gif)
























