
Некогаш она што беше искрено, чисто од се срце денес некои го претвораат во лесен и брз начин на заработка.
Материјалистичките гледишта на „современите" млади девојки се повеќе фрлаат црна дамка врз љубовта. Некогаш она што беше искрено, чисто од се срце денес некои го претвораат во лесен и брз начин на заработка. Некогашниот секс од љубов некои го претворија во секс за пари. Можеби не со кеш после самиот чин, што реално и би било барем поискрено и сфатено како професија, туку со огромен број подароци- вреден накит, целовечерни пијанки по локалните дискотеки и кафеани, па дури и станови и коли за „најуспешните".
Млада атрактивна девојка од дваесетина или триесетина години неретко може да се види рака под рака на некое сепаре или пак во црно Audi A8 со благо проќелавено чиче што во најдобар случај е вечити ерген, но во 98% проценти од случаите зад себе има барем 2 деца, па и 3 внучиња често пати.
ТАА
Штикла 12-ка, јака шминка, кратко тесно фустанче во јаки бои и неизбежното многу накит, често вреден колку еден автомобил купен на старо. Пие коктелчиња во весели бои со весели цени. Изгледа привлечно и атрактивно и по неа воздивнуваат многу млади, убави момчиња кои за жал го немаат она што е примарно- дебела штедна книшка и многу недвижнини. Таа не може да оди на одмор во Бугарија или да се вози со такси, а вечер помината со 2 пијачки во град е вистинско потценување.
ТОЈ
Далеку од привлечен, средовечен човек често облечен во костум по најнова мода со кожен мантил и се останато што може да симболизира пари и моќ. Консумира пијачки непознати за „обичните смртници", а секој келнер би го посакал за клиент. Вози скап автомобил, внатре обложен со кожа и го паркира на највидното место за да го надополни недостатокот на неговата физичка привлечност.
И во целата приказна некако дури и тој ќе триумфира... Веќе создал фамилија, професионално се остварил, а сега парите ги насочува кон тоа да си ги задоволи своите апетити за младо женско друштво кое може без проблем да си го дозволи.
Кога љубовта и врските се претворија во блуд? Дали вината треба да ја бараме во општеството или пак во неморалот на овие девојки?
Да, општеството е во лоша состојба и премногу е тешко да се сврзе крај со крај, а особено за студентките чиј цех за студирање и не е така мал за просечните примања на нејзините родители. Но од друга страна па како останатите можат да се справат и да најдат пристојна работа кога не се во можност да бидат издржувани од дома.
Ама по се изгледа како некој да сака да го избере полесниот пат, а цената на своето тело ја сведува на бедна сума од неколку парфеми, облека, па дури и автомобил и стан. Се е така премалку за нешто бесценето. Телото е осквернавено за цел живот, а пак изгубената гордост, себе почит и почит од страна на околината се неповратно заминати.
Зар не им е повкусен сендвичот со љубениот на клупа во Жена парк отколку раскошниот ручек со стариот непривлечен „инвеститор" во најлуксузниот скопски ресторан?
.gif)






















.gif)
























