
Знаевте дека за вас би го препливал и Ла Манш, но само ако вие го посакавте тоа. Никогаш и никаде тој не се сети да направи нешто самоиницијативно!
Го знаеја вашите родители, а вие служевте кафе кај неговите баба и дедо. Секој ден заедно, на секое место заедно затоа што тој не се бунеше на ниту една ваша желба. Изгледавте така слатки и совршени во пар, но наскоро почна да ве убива улогата на диктатор на заедничките дневни активности, па дури и на тиранин за време на вашите кавги каде што тој беше потчинетиот ваш, а секоја ваша желба стануваше негова заповед.
Бајката постана монотонија
На почетокот ви беше убаво, забавно, нереално но по 5, 6 месеци полека врската ви тонеше во монотонија, не дека ништо не се случуваше туку затоа што вие во секој момент знаевте што е наредното што ќе се случи. Неговата некреативност и не иновативност полека ја земаа цената.
Знаевте дека за вас би го препливал и Ла Манш, но само ако вие го посакавте тоа. Никогаш и никаде тој не се сети да направи нешто самоиницијативно! Ви беше партнер за шопинг, за кафе со пријателките, за земање оцени од факултет, за време на паузите од работа го имаше секаде, но во ниту една сфера од вашиот живот не беше доволно доминантен.
Најчистото што ќе го имате
Беше најдобриот што некогаш ќе го имате, свесни сте и сами, бевте свесни и кога го напуштавте. Знаете дека никој никогаш нема да ве сака така силно повторно, така невино и по секоја цена. Не бевте неговиот секс симбол, бевте неговата муза. Не бевте неговата девојка, бевте неговиот живот.
И токму поради тоа и разделбата беше една од најтешките одлуки во вашиот живот, но вие ја чувствувате својата енергичност и неспособност да го делите животот со таков сопатник.
Чекор после вас
Вие во ниеден момент кога сонувавте за бел фустан како мала, до себе пред олтарот не посакавте марионета чии конци ги држите, туку маж кој ќе ве сака на искрен, но свој начин. Со кој ќе се борите во животот рамо до рамо и кој ќе има сила да ве поткрене кога ќе паднете. А тој, вашето момче кое од ден на ден се претвори во ваш брат имаше се, апсолутно се што една жена може да посака, но ја немаше само таа цврстина во себе да биде тој кој ќе стои паралелно со вас до олтарот, тој ден, а и до крајот на вашиот живот секогаш ќе беше еден чекор после вас.
Најубав спомен за искрена љубов
А животот е еден и сигурно не сакате да изгубите ни миг од него вртејќи се зад себе да го причекате или да му подадете рака како многу пати до сега. Не кајте се за својата одлука, тој нека биде вашиот најчист спомен на љубовта од младоста. Сеќавајте се со блага насмевка, на момчето кое кога беше со вас не погледнуваше друга жена, не од култура, туку затоа што така искрено чувствуваше.
Бидете среќни дека некогаш некому претставувате животна муза, а денес и за секогаш пронајдете некој кој ќе биде рамо до рамо со вас. Затоа што само силните карактери можат да функционираат покрај доминантни жени и да ги зауздат кога тие ќе земат преголем залет!
.gif)






















.gif)
























