
Дојде нов човек кој и ја врати благо подзаборавената насмевка на лицето и повторно и го затрепери срцето како некогаш.
Жена со силни бедра
На своите плеќи оваа жена подигна две деца и од „мрсулави“ дечиња кои си играат во песокот ги претвори во дами достојни за почит, со работни навики и животна култура. Имаше доволно силни бедра да ја поднесе осаменоста, кариерата, домот, па и проблемите кои тие некогашни палави девојчиња и ги задаваа.
Но таа беше силна, таа не потклекна пред ударот на животот, а секој нов ден и беше нова борба со спомените и со сегашноста.
На нејзината софра секогаш имаше топол ручек, а колачињата беа неминовен крај на семејниот оброк. Ја задржа топлината на домот и на нејзините деца им подари семејство, без разлика што еден член недостасуваше, таа беше и мајка и татко и беше достојна за почит.
Се појави тој
Годините минуваа, а после цели 10 години кога веќе и се помири со една празна половина во своето срце дојде тој! Дојде нов човек кој и ја врати благо подзаборавената насмевка на лицето и повторно и го затрепери срцето како некогаш.
Со своите црни очи таа го впиваше секој негов збор и секој ден легнуваше благодарејќи за дарот кој и го прати бога, за човекот кој делеше слична судбина како и таа, за човекот кој беше културен, пристоен, но и магнетски ја привлекуваше.
Љубов на големи порти
И после толку години таа пак сакаше, но тоа беше толку силно, толку искрено, толку чисто како ретко која девојка што може да сака денес. Таа имаше благодат како ретко кој- да сака без да очекува нешто за возврат и да се бори за својот сакан.
Нејзиното срце чукаше забрзано за него, а страста влезе на големи порти во нејзиниот живот. Палавата „тинејџерска љубов“, прошетките и заеднички минатите мигови постанаа нејзино секојдневие.
И да, таа повторно беше среќна, среќна што можеше да ја подари сета љубов која ја носеше во себе и среќна што го најде вистинскиот човек за тоа. Таа знаеше да сака и на нејзините 53 години. Па за љубов навистина никогаш не е доцна!
.gif)






















.gif)
























