
Потресни приказни каде двајца млади луѓе се распнати да избираат меѓу љубениот и семејството.
Осудени, остро критикувани, некои речиси и распнати пред предрасудите на околината.
Многу луѓе се дел од вакви мешани врски или бракови за кои е потребна издржливоста на Ахил и борбеноста на римските гладијатори. Да се спротивставите на толку отровни зборови, криви погледи и заостанати догми кои владеат меѓу народот потребно е трудот со кој биле градени египетските пирамиди, а самото тоа е сведоштво за големината и искреноста на љубовта меѓу тие двајца осуденици.
И неретко ќе налетате во вашето секојдневие на потресна приказна каде двајца млади луѓе се распнати да избираат меѓу љубениот и семејството. Жестоките уцени од страна на фамилијата, иако таа смета дека се зададени со добри намери, ја притискаат душата на младата заљубена девојка која ги сака повеќе од себе, но за него би сторила се, апсолутно се бидејќи тој е нејзиниот живот!
Таа трепери во неговите прегратки, тој ја чува како капка на дланка и заедно ги поминале најубавите мигови во нивните животи. Дали различната вероисповед е доволна причина да се фрли во вода сето ова, да се отфрли сродната душа која е толку тешко да се пронајде во ова денешно материјалистичко време на искривени гледишта?
Да се чува и негува љубовта е примарно.
Различните вери не треба да бидат препрека за ваков благодат затоа што срцето не познава за вера, а емоциите не знаат за граница. Луѓето што љубат ќе знаат да направат компромис и да жртвуваат дел од своите обичаи по цена на љубовта, ќе знаат да подголтнат пред острите јазици на злобниците и да се борат за тоа свето што го имаат.
Предрасудите со кои денес голем дел од луѓето настапуваат не носат ништо добро освен заробеништво на духот и умот.
Дозволете секој да живее на начинот на кој сака, со човекот со кој сака! Мажот кој ја гледа својата жена како принцеза е израснат од кралица велат, а секој вера има кралица, секоја вера има жена, вистинска домаќинка, која одгледала момче достојно за љубов.
.gif)






















.gif)
























