
И ненадејно, сурово, безмилосно, животот ве фрли во пламените јазици на овој љубовен триаголник.
„Беше доволно практична да знае дека тоа никогаш нема да се случи, но и доволно непрактична за некогаш да престане да се надева!“ (Шолја чај, Ејми Ефрон- приказна за еден љубовен триаголник)
Што кога ќе паднете во љубовен триаголник, сосема ненамерно сосема случајно?
Дали сте грешница која заслужува да биде каменувана јавно или спалена на плоштадот ако вртоглаво се заљубите во човек кој веќе е во врска?
Причини можат да бидат без малку милион, почнувајќи од таа што можеби и не сте знаеле дека тој има девојка, до фактот што тешко кој може да ги заузди чувствата кои како немирен Вруток извираат од вас секој пат кога ќе го видите.
Енергијата што ја чувствувате кога тој е во ваша близина ве прави гневни за неморалот на кој животот ве навел, но и жртва на желбата да го зграбите и да го имате истиот миг.
Сјајот во неговите очи кога ќе ве погледне дополнително ја влошува и така комплицираната ситуација, а да не одиме во крајност ако има бурма на раката.
Сопствена пресуда
Одново и одново си судите сама себе, си пресудувате смртна казна затоа што вие никогаш не бевте од тој тип на девојки кои би погледнале, а уште помалку посегнале по туѓо момче.
Од друга страна се тешите со помислата - зар вие сте виновна што задоцнивте само неколку години зад неа за да се појавите во неговиот живот?!
И ненадејно, сурово, безмилосно животот ве фрли во пламените јазици на овој љубовен триаголник. Го сакате него, а таа е премногу добра за да го зграбите и без размислување да го понесете со себе. Тој се наоѓа на крстосница, но и вие кога ја гледате таа мила девојка која нема друг грев во животот освен што отсекогаш го сакала искрено и чесно.
Болка и љубов наедно
Ахх таа болка, таа грижа на совеста која не ви дава сон во ноќите. Како да го вратите времето и тоа попладне во толку часот да не се појавевте на тоа место и да го запознаевте него.
Тој фатален маж кој за миг како да ги порази сите морални норми кои ги пратевте цел живот, кој за ден уништи години домашно воспитување и култура и ве претвори во таа втората, во натрапник кој е немилосрдно ставен на тапет од страна на околината.
Вие никогаш во нивните очи нема да бидете жената која искрено сакала и се борела за својата љубов туку ќе останете само блудница која упропасти живот на една девојка, растури една среќна двојка и остави црн пепел онаму каде што некогаш гореше пламен на кој многумина му подзавидуваа.
Но животот е таков непредвидлив и саркастичен, а вие сте човек кој за љубов живее…
.gif)






















.gif)
























