
Нема да трошите енергија да воспитувате некого и истата ќе ја насочите на себе надградба.
Веќе подолго време немате дечко и ви здодеа да одговарате на прашањата околу тоа. Вие сте девојка која знае што сака во животот и не сака по цена на лош партнер да има партнер. Низ животот ве води мислата „подобро квалитетно сама, отколку во неквалитетна врска“.
И навистина е така! Зошто да си го трошите времето со некој кој не ги задоволува вашите основни критериуми и да се шетате со него фатени за рака низ парк, притоа умирајќи од досада, наместо да возите ролери на стаза со другарките и да уживате во глетката на голи згодни мажи кои трчаат на пладневното сонце.
Постојано излегувавте од една врска и влегувавте во друга, зар на е време да ги вкусите предностите на животот како сингл девојка?
ПРЕДНОСТИ
- Можете лудо да се забавувате до раните утрински часови без никој да ви префрли за тоа.
- Можете секој ден да пиете кафе со другари и никому да не се правдате.
- Можете да минувате часови и часови со вашите пријателки, а никој да не се пожали дека не му посветувате доволно внимание.
- Можете да облечете ултра мини здолниште и да бидете кралица на дискотеката без некој да превртува со очите.
- Можете да разговарате со симпатичниот дечко кој ви побара број.
- Можете да флертувате колку сакате, каде сакате и со кого сакате.
- Не сте „осудени“ на гледање филм во петок навечер.
- Нема потреба да се жртвувате и да седите дома, кога желбата за забава ви е на највисоко ниво, само од солидарност бидејќи тој нема пари.
- Нема да трошите енергија да воспитувате некого и истата ќе ја насочите на себе надградба.
- Нема да се плашите од неверство и да размислувате каде е тој и зошто не крева кога му ѕвоните на телефон.
Далеку од тоа дека врските немаат позитивни страни, но овие 10 жртви на момачкиот живот направете ги за некој за кого чувствувате дека заслужува.
Во спротивно уживајте во деновите на слобода кои од време на време и се потребни на секоја девојка.
.gif)






















.gif)
























