diskac1Ноќ во диско: Што се ќе доживеете?
Порачувате чашка жесток пијалак, кој по цената и содржината треба да се вика „жестока вода“.
wedding_in_autumnЕсенска свадба за паметење
Есенската романтика нека биде заштитен знак на вашата свадба.
licemerkiДали имате токсична пријателка?
Нарцисот, хроничниот депресивец, критичарот, лицемерот и несигурната се околу вас.
parr_vo_bazen5 митa за секс во вода
Лето, забава, коктели, лубеница, сладолед, море, плажа, сонце... Нешто ѝ недостига на целата слика?

Слободоумната девојка добиваше „те сакам“

luda7

Тајната најверојатно беше нејзиниот ведар дух, постојано насмеана, постојано шеговито настроена, таа говореше со 300 на час.

Беше тоа една девојка, не беше убава ниту како Marilyn Monroe, ниту како Grace Kelly, но имаше нешто во неа што како гравитација ги привлекуваше мажите околу неа. Таа секогаш под рака држеше најубаво момче, а многу ги имаше доведено и до лудило.

Долги врски

Од кога се памети нејзиниот лик оваа девојка постојано е во врска. Двете долги врски редум една по друга, со мала пауза од само половина година, која во тој период ја направи како кутре одврзано од ланец, направија сето останато време таа да има кој да и посака добра ноќ или да ја изненади со едно искрено „те сакам“.

Ведра и забавна девојка

Тајната најверојатно беше нејзиниот ведар дух, постојано насмеана, постојано шеговито настроена, таа говореше со 300 на час, а од неа на ред не би можел да дојде ни Цицерон. Секој би си поминал прекрасно во нејзино друштво, најверојатно тоа беше магијата или пак смелите сексуални игри можеби? Ете тоа ќе остане тајна која ја знаат само таа и нејзините момчиња, а ние само ќе погодуваме...

Не беше верна

За волја на вистината, таа никогаш не беше верна, но тоа никогаш и никој не го откри, нормално го знаеја само нејзините најблиски пријателки. Беше премногу динамична, а животот како по казна и праќаше фини и убави, но помалку флегматични момци кои не можеа да ги задоволат сите нејзини апетити за адреналин и забава. Токму во тоа најверојатно се криеше причината за нејзините неверства.

Третиот човек во врската

Паралелно со нејзиното момче, кое го сакаше навистина - дури и да ви е тешко да поверувате, таа секогаш имаше еден таков трет во врската, „несреќник“ со кој го надополнуваше својот недостаток од адреналин, а тие пак како деца вртоглаво се заљубуваа во неа и ја посакуваа секој миг од утрото и ноќта.

Бројните љубовни изјави, постојаните телефонски повици и ситните подароци беа нејзино секојдневие. Романтиката која не ја добиваше од своето долгогодишно момче, сега ја доби од трета страна.

Никогаш откриена

Но таа како да имаше некоја магична тактика и талент за лажење, како ретко кој, и во ниту еден миг никој не се посомнева во неа. Кога ќе излезеше со своето момче изгледаше како најзаљубената девојка на светот, пораките и повиците од вториот маж во нејзиниот живот секогаш остануваа далеку од очите на љубениот, а таа уживаше во слатката возбуда од ризикот, вниманието од третата страна и чувството дека се уште е посакувана и од други мажи.

Тие трети можеби беа само деца, наивци кои немаа многу искусено во животот и оваа девојка, дури и по цена што никогаш нема да биде целосно нивна, навистина им беше слатка бура од која преку ноќ станаа зависни.

Непромисленоста на овие мажи ќе им донесе солзи, таа го знаеше тоа, но сепак не се осврнуваше премногу на истото, туку себично грабаше од животот и секојдневно креираше спомени од лудата младост.

За почит или осуда вие ќе одлучите? ..... Но таа беше среќна, зар не е тоа смислата на животот?




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
News image

Мисионерска во вис. Инструкции: започнете со стандардната мисонерска поза, тој врз вас. Во текот на сексот предложете му да се крене ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?