
Двајцата високи, двајцата згодни со светло костенливи коси стоеја рамо до рамо еден покрај друг.
Беа пар на кој многумина му завидуваа. Двајцата високи, двајцата згодни со светло костенливи коси стоеја рамо до рамо еден покрај друг.
Уште од првиот ден на нивната врска се беше со силни емоции, возбуда и енергија на највисокото можно ниво.
Нејзе не и беа потребни месеци, како и обично за да се заљуби, уште од првиот ден срцето и чукаше забрзано кога седеше покрај него.
Имаа се... Имаа експлозивна љубов, постојано беа заедно, се милуваа и бакнуваа страсно како ретко кој, но имаше еден проблем. Тие не си веруваа еден на друг!
Полициски час
Тој беше љубоморен на секое момче кое ќе и се приближеше.
Многу телефонски броеви од нејзиниот именик беа избришани, контактите со другарите речиси забранети, бидејќи секој еден од нив имал за цел само да ја одведе во кревет, според него.
Нејзиниот мобилен телефон често завршуваше во неговите раце на детална проверка, а излегувањата со другарките беа под строг надзор со телефонски повици, а понекогаш дури и „случајни“ негови посети токму во тоа диско.
Заразна љубомора
Таа го сакаше премногу и го проголта сето тоа, но оваа болна љубомора како да беше заразна и по некое време и таа почна да го прави истото. Сметаше дека тоа е нормално штом тој го практикува и за се бараше детален извештај.
Таа никогаш во својот живот не врескаше кога се караше, но сега тоа го правеше со крајно напрегање на нејзините гласни жици, тој за прв пат ја доведе до тој степен да паничи дека не и кажал за испиеното кафе во центар со некој другар.
Болната љубомора, направи да мораат да се лажат меѓусебно за понекогаш да излезат во град сами без драма. Љубомората, ги повлече лагите, лагите го повлекоа крајот на оваа врска.
И се до последниот миг, да знаете дека имаше љубов, хемија толку силна што тие не размислуваа за никој друг, како да беа сами на светов. Но стакленото ѕвоно кои си го создадоа ги загуши.
Почнаа да снемуваат воздух, а врската стана побогата со болка отколку со љубов. Тука веќе беше крајот, дојде крај иако имаа се освен доверба. Довербата е камен темелник на една врска, без неа не се може!
.gif)






















.gif)
























