
Една девојка, млада, убава, никој не знаеше како ја заслужи оваа казна, беше казнета.
Премногу болка, премногу тага, премногу копнеж по минатото е скриен во очите на луѓето кои искусиле една од најголемите животни трагедии во животот, смртта на саканата личност.
Животот е суров виор на огнени копја, а кога едно од нив ќе го однесе саканиот ја чувствувате сета жештина како пече врз вашето срце.
Една тажна девојка...
Една девојка, млада, убава, никој не знаеше како ја заслужи оваа казна, беше казнета. После петте медени години со својот сакан, се случи кобната ноќ кога тој ненадејно загина, а таа остана сама со спомените, со болката со празното срце.
Распрскано на милиони парчиња, тоа само што не застана од болка, сите лекари, инфузии и психолози без малку да ги соберат парчињата и повторно да го состават.
Таа молчеше, солзите и пресушија, но нејзините очи го носеа немиот лелек години потоа.
И ден денес, после толку години, таа знае да се разбуди на неговата перница, облечена во неговата омилена маица, како се труди да го почувствува неговиот одамна заминат мирис.
Мирисот на спомените
Секое место кое некогаш заедно го посетиле, а такви имаше многу, беше нејзино светилиште за воскресение на минатото. Илјадници зборови од пријателките и блиските и стотиците прегратки од нив беа премалку за утеха.
Лошо е што секогаш ќе го памети како вистинскиот. Можеби бил, но можеби и не. Работите кои што сме ги изгубиле секогаш изгледаат подобри подоцна, тоа е моќта на навраќањето на добрите спомени. Го идеализираме нивниот лик, го идеализираме нивното дело и никој нареден не е доволно добар.
Проблемот што потрагата потоа, не е потрага по најдобриот, туку е потрага по најсличниот на него. Тоа е најголемата грешка која може да биде сторена. Времето не може да се поврати, па затоа новата страна е најдобриот лек, а копиите се секогаш копии.
Да се научи да се живее со болката, без него и по него е потребно неизмерна сила, но нужно е да се биде среќна повторно за тој, таму некаде, да биде среќен што некогаш имал силна девојка, достојна за љубов и почит.
.gif)






















.gif)
























