romanticen_baknez5 митови за романтиката
Жените колку и да се храбри и моќни, на крајот од денот се очајни за романтика.
par_vo_spalnaКористите ли секс играчки?
Топ 4 на најкористените секс играчки.
nevesta_i_maldozenec_vo_dvorСвадба од соништата во двор
Секоја девојка сонува за посебна свадба. Нема ништо особено во свадба во хотел. 
posakaКако да натерате маж да стори речиси се?
Со напади, критики и обезвреднувачки коментари нема да го добиете тоа што го сакате.

Осудена на живот без чувства

most3

Очите имаа чуден сјај, како штотуку да ги избришала солзите од нив, а таа не бараше ниту утеха, ниту помош, ниту подадена рака.

Беше два часот по полноќ, таа чекореше сама по темниот мост, а единствен придружник и беше звукот од пенливите бранови на реката.

Од време навреме ќе се чуеше зарипнато завивање на некое локално куче или под мостот во темнината ќе блеснеа очите на некој бездомник, се друго беше исто... Речиси стандардниот изглед на секоја наредна ноќ, темнина, по некоја залутана ѕвезда, српеста месечина и залутани звуци некаде далеку во ноќта.

Чекореше еднолично...

Можеби друга девојка ќе трепереше во оваа околина, но оваа девојка само смирено чекореше во еден монотон сплет на чекори. Секој еден како одмерен, ист на претходниот во низа на идилична хармонија и со повторливи потези.

Говорот на очите

И, ако погледот го тргнете од нејзините чевли и започнете да го кревате нагоре, ќе видите жена на чија фигура многумина би и позавиделе, но и скаменето лице, безизразно, ладно, замислено. Нејзиното тело беше тука, но нејзините мисли лутаа во темните води на реката.

Очите имаа чуден сјај, како штотуку да ги избришала солзите од нив, а таа не бараше ниту утеха, ниту помош, ниту подадена рака. Само тонеше со погледот во реката и чекореше во една монотона низа.

Отпорна на се

До неа не допираше ништо, ниту лаежот на бесните кучиња, ниту скриените погледи и намери на лукавиот бездомник, ниту свирежот на возилата. Таа беше сама во својот свет. Болката и беше единствениот сопатник оваа ноќ.

Тоа беше единственото објаснување! Дека ја боли срцето, а неподносливата болка ја скамени нејзината душа, ја направи уште една бесчувствителна жена во овој град.

Некогаш таа имаше срце, но денес на тоа место има само празнина. Некогаш знаеше и да сака и да плаче и да моли и да простува и да се жртвува.

Осуденик, но и судија

Денес, повеќе ништо не допира до неа. Таа се претвори во прекрасна камена кукла, беше отпорна на болка, тага, страв. Некој од неа направи челик, а сега таа како студена одмазда ќе го стори истото со срцата на редица други мажи.

И до кога ќе трае оваа сурова казна на невини срце? Можеби се додека сите се претвориме во машини, студени и без чувства? Отпорни на болка, но и отпорни на љубов...?




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

23-05-2012
News image

Мисионерска во вис. Инструкции: започнете со стандардната мисонерска поза, тој врз вас. Во текот на сексот предложете му да се крене ... Повеќе

Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?